ЦАФ АФРИКАНСКИ КУП НА НАЦИИ 2023 - БРЕГ НА СЛОНОВА КОСКА

Слоновите владеат со Африка, Нигерија загуби со пресврт

Филип Здравески
/ 11.02.2024 / 23:23

Домаќинот на Африканскиот куп на нации, Брегот на Слоновата Коска, со пресврт и победа од 2:1 во големото финале го совлада фаворитот Нигерија и по третпат стана континентален шампион.

Откако едвај ја минаа групата со само една победа и два пораза, и тоа 1:0 токму од вечерашниот противник и 4:0 понижувањето од Екваторијална Гвинеја, популарните „Слонови“ првенството го завршија со бајка. Среде турнир направија и промена на селекторот врачувајќи му отказ на францускиот стратег Жан-Луи Гасет и го назначија домашниот стратег и дотогашен асистент Емерс Фае за в.д. селектор.

URL

На преполниот „Аласан Уатара“ стадионот во Абиџан прва поведе Нигерија преку Вилијам Трост-Еконг кога во 38. минута со глава го матираше Јахја Фофана.

URL

Домаќините се мачеа да се вратат во игра и делуваше дека „Супер Орлите“ ја контролираат играта. Конечно стадионот еруптираше во 62. минута кога Франк Кесие израмни, исто со глава.

Двете екипи се гледаше дека не сакаат да играат продолженија, па нападите наизменично се менуваа. Победничкиот гол беше мала мајсторија на Себастјан Алер во 81. минута кога со скок удар со нога во стилот на Златан Ибрахимовиќ го претвори во гол нафрлувањето на Симон Адингра. Токму Адингра на крајот беше прогласен за МВП на финалето.

URL

Нигерија не успеа да израмни и по 7 минути надополнување мавританскиот судија Баан Беида означи крај.

Интересно, ова беше петто финале за Брегот на Слоновата Коска, а во претходните четири секогаш победникот се решаваше на пенали и тоа, внимавајте, откако сите четири завршуваа 0:0. „Слоновите“ не само што прв пат постигнаа гол во едно финале, туку и конечно нивно финале заврши во регуларниот дел. Брегот на Слоновата Коска претходно ја освојуваше Африка на првенствата во 1992 и 2015 победувајќи ја двапати Гана, а губеше во 2006 и 2012 од Египет и Замбија.

За Нигерија ова беше осмо финале, а по петти пат остана без пехарот. „Супер Орлите“ имаат 3 титули од првенствата во 1980, 1994 и 2013.

Синоќа во натпреварот за третото место Јужна Африка го совлада ДР Конго на пенали 6:5 откако по 120 минути игра немаше голови.

Најдобар стрелец на турнирот со 5 гола е Емилио Нсуе од Екваторијална Гвинеја, па тој ја освои Златната копачка.

URL

Златната ракавица за најдобар голман замина во рацете на Ронван Вилијамс, голманот на Јужна Африка.

URL

Капитенот на поразениот финалист, Вилијам Трост-Еконг, ја освои утешната награда за МВП на првенството. Како за стопер беше одличен голгетер бидејќи покрај голот во финалето претходно постигна уште два.

URL

Наредното африканско првенство ќе се игра во јуни и јули 2027 година во Мароко.

реклама

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

Пол се самоуништи, Зверев се пласира во полуфиналето на АО

Read more

Фудбал

Од непожелен до голгетер: Необичната приказна на Крис Вуд

Read more

Флорентино Перс ќе го води Реал до 2029 година

Read more

Првата љубов никогаш не се заборава: Нејмар се враќа дома

Read more

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Њу Орлеанс од -25 до победа, Бостон со 40 разлика ги победи Вориорс

Читај повеќе
  • play_arrow

Пол се самоуништи, Зверев се пласира во полуфиналето на АО

Читај повеќе

Од непожелен до голгетер: Необичната приказна на Крис Вуд

Читај повеќе

Флорентино Перс ќе го води Реал до 2029 година

Читај повеќе

Првата љубов никогаш не се заборава: Нејмар се враќа дома

Читај повеќе

ИХФ го смени распоредот, Македонија ќе игра двапати на ручек

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ со трет трипл-дабл во низа против Орландо, Зубац го уништи Лејкерс

Читај повеќе

Белгија го отпушти селекторот Тедеско

Читај повеќе

Работнички: До кога Перо Антиќ ќе ја силува македонската кошарка?

Читај повеќе