„Snow White and the Huntsman“ доби искрен трејлер
„Snow White and the Huntsman“, филм базиран според германската бајка „Снежана и седумте џуџиња“ од браќата Грим доби брутално искрен трејлер. Филмот е режисерско деби на Руперт Сандерс.
Во главните улоги се појавуваат Кристен Стујарт, Шарлиз Терон, Крис Хемсворт, Сем Клефлин и Боб Хоскинс. Филмот имаше две номинации за Оскар, за Најдобри визуелни ефекти и за Најдобра костимографија. Постигна огромен успех на бокс-офисот, со заработка од 396 милиони долари. Но, критиките за филмот и изведбата на актерите беа мешани, а сценариото доби доста критики.
Во овој искрен трејлер ќе го погледнете филмот од малку поинаква перспектива.