Компанијата Sony претстави два нови смартфони, а тоа се Xperia 1 III и Xperia 5 III.
И двата уреди се дел од најновата кампања на компанијата која сака моделите да имаат врвни камери и брзо и прецизно фокусирање.
И двата уреда имаат три задни камери, Qualcomm Snapdragon 888 процесор и поддржуваат 5G мрежа.
Многумина од вас ќе се сложат дека смартфоните имаат одличен дизајн, а засега не е позната нивната цена.
Xperia 1 III има 4К ОLED екран со фреквенција на освежување од 120 Hz. Ќе се продаваат со dual-SIM и SIM+ microSD верзии.
Новите уреди ги напојува батерија од 4.500 mAh со поддршка за безжично полнење. И двата модела пристигнуваат со Android 11.
Xperia 1 III има 6,5-инчен екран со формат 21:9, додека Xperia 5 III има 6,1-инчен екран со формат 21:0 и 1080p резолуција во однос на 4К резолуција од поголемиот модел.
Sony се одлучи за 3 задни камери од кои главната и телефото камера имаат оптичка стабилизација на фотографијата, а Xperia 1 III има и ToF сензор.