Соработничката на Епстин, Гислејн Максвел осудена на 20 години затвор

Британката Гислејн Максвел е осудена на 20 години затвор за помагање на финансиерот Џефри Епстин, кој сексуално злоставувал девојки.

Казната, изречена во Федералниот суд на Менхетен, значи дека 60-годишната осуденичка ќе мине поголем дел од својот живот во затвор. Ќерката на покојниот британски медиумски магнат Роберт Максвел, која се школувала на Оксфорд, беше осудена на крајот на минатата година по пет од шест точки од обвинението, меѓу кои и онаа за сексуална трговија со малолетници.

Нејзините адвокати побараа од Судот да биде попустлив, наведувајќи го „тешкото, трауматично детство со доминантен, нарцисоиден и познат татко“ и тврдејќи дека Максвел била неправедно казнета затоа што Епстин избегнал судење.

Одбраната се залагаше за најмногу пет години, додека обвинителите бараа од 30 до 55 години затвор.

За време на судењето кон крајот на 2021 година, обвинителите успешно докажаа дека таа е „клучот“ во планот на Епстин да заведува млади девојки кои потоа биле сексуално злоупотребени.

Џефри Епстин се самоуби во притвор во 2019 година на 66-годишна возраст додека го чекаше судењето во Њујорк.  

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе