Сте го изневериле партнерот: Дали да признаете или не?

Кога треба да признете дека сте го изневериле партнерот, дали постои совршен момент за тоа? Одговор на ова прашање даваат неколку експерти за врска.

Постојат безброј причини зошто луѓето изневеруваат, но што да правите кога аферата ќе заврши, а вие и понатаму сакате да бидете со партнерот?

Ако ги прашате експертите, неверството треба да го задржите за себе, бидејќи поинаку може да предизвика штета.

„Вие сте со грижа за совест и ако аферата е готова, немојте тој товар да го пренесете и на партнерот“, вели докторката Меган Флеминг, брачен советник и сексуален терапевт од Њујорк.

Наместо да го повредите партнерот, подобро е да се фокусирате на себе и да ја идентификувате причината поради која сте го извршиле неверството.

„Очигледно е дека на некое ниво не сте задоволни со врската“, вели таа.

Иако има смисла да го заштитите партнерот од непотребна болка, особено ако аферата е завршена, тоа исто така значи и чување тајна.

Друг експерт за брачни односи, Сузан Винтер, за Independent  вели дека не се сложува целосно со ова, односно дека постојат ситуации кои влијаат на оваа одлука.

„Вистина е дека заблажувањето на вашата вина доаѓа како директен удар на сопружникот. Иако искреноста е навистина обележје на вистинска блискост, постојат моменти кога откривањето резултира со сурови и непотребни информации кои потоа го оптоваруваат партнерот, но одлуката дали ќе му кажете на партнерот за неверството може да зависи и од самиот вид неверство, смета таа.

Ако се работи за еднократен случај, на пример се случило додека сте биле под дејство на алкохол, Винтер предлага да се воздржите од признавање.

Но, сосема е поинаку ако станува збор за афера која трае подолг временски период. Кога неверството е одлука донесена во неколку наврати, тогаш и признанието и самиот настан имаат подлабоко значење.

Во овој случај, таа предлага одење на терапија пред признавање на аферата бидејќи терапевтот може да ве насочи на правилни начини да ги решите проблемите кои излегле од рамнотежа.

Исто така, терапевтот ќе ве советува на кој начин да му се обратите на партнерот додека го признавате неверството, за сите да бидат поштедени од дополнителна болка.

Во ситуација во која партнерот се сомнева дека го изневерувате и директно ве прашува за тоа, важно е да ја кажете вистината, смета психологот Медлин Мејсон Ронтр.

„Не е лесно да се открие вакво нешто, но ако вашиот партнер се сомнева на неверство, нема смисла тоа да го негирате. Прикривањето и лажењето ги влошуваат работите, особено за тој што е изневерен“, смета таа.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе