Строгите родители ги претвораат децата во лажговци

Секој родител понекогаш се запрашува дали можеби е премногу строг со децата за некои работи.

Експертите предупредуваат дека постојат знаци кои јасно можат да покажат дали сте премногу строг родител, пишува Very Well Family.

Имате нулта толеранција

Иако е важно да се имаат јасни правила кога станува збор за родителството, подеднакво е важно да се признае дека постојат исклучоци од правилата. Наместо да заземате авторитарен став за сè, експертите препорачуваат да покажете подготвеност да го оцените однесувањето на детето во контекст на околностите.

Вашето дете многу лаже 

Иако е нормално децата понекогаш да ја кријат вистината, претходни студии покажаа дека строгата дисциплина ги претвора децата во снаодливи лажговци. Ако сте премногу строги, вашето дете најверојатно ќе лаже во обид да избегне казна или да избегне да ве налути. Можеби ќе забележите дека некои работи вам ви ги кажува поинаку, за разлика од другиот родител.

Вашето дете има повеќе ограничувања од другите деца

Нема ништо лошо во тоа да имате различни правила од другите родители. Меѓутоа, ако сте секогаш најстрогиот родител од сите, тоа може да биде знак дека сепак вашите очекувања се малку превисоки.

Имате премалку трпение

Ако забележите дека секогаш имате помалку трпение, голема е веројатноста тоа да се однесува и на вашето воспитување. Родителите треба да бидат трпеливи, особено кога се во прашање децата и поставувањето граници, советуваат експертите.

Се борите со недостиг на дисциплина

Строгите родители честопати имаат потешкотии да толерираат сè, од начинот на кој наставникот води настава до начинот на кој бабата се справува со проблемите во однесувањето кога таа ги чува внуците.

Во ред е децата да бидат изложени на возрасни луѓе кои имаат различни правила и различни типови на дисциплина.

Имате долг список на правила

Добро е да се има правила, но премногу правила можат да бидат штетни. Одржувајте едноставни правила и вклучете ги оние најважните кои сакате детето да ги запамти.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе