КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да го гледате Barbie?
Барби не беше само уште едно парче пластика што имаше видно место во меѓу детските играчки. Тоа потсвесно скокоткање на љубопитоста исто така ја поттикна женската енергија да тежнее кон повеќе.
Десет дена по премиерата, мегапопуларниот кино хит Barbie заработи неверојатни 775 милиони долари. Само во САД и Канада филмот досега има инкасирано 350 милиони долари, а се очекува заработката да продолжи да расте.