Откриено колку бил платен Рајан Гослинг за улогата на Кен во Barbie

Barbie е неоспорниот филмски хит во кината за оваа година.

Досега има заработено околу 1,43 милијарди долари и стана најуспешен филм за оваа година, како и најуспешен филмски проект на Warner Bros.

Главните улоги ги добија Марго Роби (Барби) и Рајан Гослинг (Кен). Роби ја глуми стереотипната барбика, додека Гослинг го отелотвори нејзиниот шармантен и смотан дечко. Критичарите не само што го пофалија филмот, туку го издвоија 42-годишниот актер како негов најдобар дел.

Улогата на Гослинг како Кен беше толку добро прифатена и пофалена што многумина предвидуваат дека тој ќе биде номиниран за најдобра споредна машка улога на Оскарите следната година. Се верува дека најголеми претенденти за златната статуетка се тој и Роберт Дауни Џуниор, кој го играше Луис Штраус во Oppenheimer.

Марго Роби заработи многу повеќе пари

Според Variety, Рајан добил 12,5 милиони долари за улогата на Кен во филмот Barbie. Сепак, ова не е конечната заработка, бидејќи нема познати информации дали Канаѓанецот договорил дополнителни бонуси од продажбата на билети.

За споредба, Роби исто така добила хонорар од 12,5 милиони долари за улогата на Барби. Но, преку договорени бонуси стигна до заработка од 50 милиони долари. Barbie, заедно со Oppenheimer на Кристофер Нолан, успеа да ги врати луѓето во кината, како што беше пред пандемијата.

Дека овие два филма се големи летни блокбастери говори и фактот што успеаја да го потопат седмиот дел од Mission Impossible на бокс-офисот. Тој филм заработи „само“ 566 милиони долари и се смета за неуспешен бидејќи чинеше 300 милиони долари.

Remote video URL
реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Read more

По серија американски напади се урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај

Read more

Филм & ТВ

Netflix користел вештачка интелигенција за 300 наслови оваа година

Read more

Обетките ти се од ограбена гробница: Зендаја критикувана на премиерата на The Odyssey

Read more

Искрен трејлер за епскиот филм Troy од 2004 година

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Сцена

Netflix користел вештачка интелигенција за 300 наслови оваа година

Читај повеќе
  • filter

Обетките ти се од ограбена гробница: Зендаја критикувана на премиерата на The Odyssey

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за епскиот филм Troy од 2004 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Раперот Питбул сруши Гинисов рекорд: Собра најмногу „ќелавици“ на едно место

Читај повеќе
  • play_arrow

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Читај повеќе

Шакира е возбудена пред настапот на полувремето на мундијалското финале

Читај повеќе
  • play_arrow

The Pitt и Hacks со најмногу номинации за наградите Еми

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе