Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Пред да стане една од најголемите ѕвезди на 90-тите, Џим Кери беше стенд-ап комичар за кој многумина веруваа дека брзо ќе згасне во заборав.

Но, откако се појави во успешните комедии Ace Ventura: Pet Detective, The Mask and Dumb and Dumber во 1994 година, Кери го зацементира својот статус на холивудска ѕвезда.

Голема улога во градењето на неговата кариера имаше првиот од тие три филма - Ace Ventura: Pet Detective, чија премиера беше во февруари 1994 година. Кери не беше ниту првиот ниту вториот избор за улогата на ексцентричен приватен детектив кој бара исчезнати миленичиња.

Според Far Out, Morgan Creek Productions им ја понудила улогата на Рик Моранис и Дејвид Алан Гриер, но тие не биле заинтересирани. Во еден момент продуцентите сакале да ја ангажираат и Вупи Голдберг, но се откажале од планот откако Кери ја прифатил нивната понуда.

Не беше задоволен од сценариото

Имено, актерот првично ја одбил улогата, но по две години убедување се премислил. Но, имал еден услов - продуцентите да му дозволат да го преработи сценариото.

„Воопшто не ми се допадна сценариото. Беше ужасно!“, призна Кери за време на едно интервју. Оригиналното сценарио го напиша Џек Бернстин, а подоцна беше преработено од режисерот Том Шадијак и Кери.

„Ми рекоа: ‘Никој не губи во оваа ситуација. Можете да го преработите сценариото. Кога ќе завршите со пишувањето, не мора да работите на филмот ако не сакате’“, се сеќава Кери. „Значи, пишував сцена по сцена, немаше ниту еден ред од оригиналот во новото сценарио. Се запрашав: „Прво, што сакаат луѓето да видат? Што сакам да правам? Што им е интересно на луѓето?“

Во голема мера му помогна Шадијак, кој му дозволи на Кери да се однесува пред камерата како на неговите стенд-ап настапи.

Филмот брзо стана голем хит меѓу гледачите, иако доби различни критики. Со заработка од 107,2 милиони долари, Ace Ventura стана еден од најуспешните филмови во 1994 година и го стави Кери меѓу најбараните комичари на деценијата.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Филм & ТВ

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

Хелен Мирен ќе добие почесен Златен глобус

Read more

Гари Олдман тврди дека улогите во овие филмови му ја спасиле кариерата

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Читај повеќе

Хелен Мирен ќе добие почесен Златен глобус

Читај повеќе

Гари Олдман тврди дека улогите во овие филмови му ја спасиле кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто (не) треба да го гледате Frankenstein на Гиљермо дел Торо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Објавен официјален трејлер за биографскиот филм за Мајкл Џексон

Читај повеќе

Stranger Things пишува историја: Финалето на серијата ќе се прикажува во кината ширум светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Роуан Аткинсон се враќа: Netflix објави трејлер за серијата Man Vs Baby

Читај повеќе
  • play_arrow

Шварценегер го откри единствениот римејк на негов филм што би сакал да го види

Читај повеќе