Историски успех на Barbie – најголема заработка на бокс-офисот за жена режисер

Грета Гервиг влезе во историјата на бокс-офисот откако нејзиниот филм Barbie постигна најголема заработка во првиот викенд од прикажувањето за филм на жена режисер.

Barbie заработи неверојатни 155 милиони долари во првиот викенд, што го означи најголемото деби досега за филм режиран од жена.

Captain Marvel, кој беше ко-режиран од Ана Боден и Рајан Флек, претходно ја носеше титулата откако заработи 153 милиони долари во 2019 година.

Wonder Woman од режисерката Пети Џенкинс, беше рекордер за филм режиран само од жена со своето деби од 103 милиони долари.

Barbie забележа уште неколку рекорди на бокс-офисот, вклучувајќи го и најдобар прв викенд годинава, надминувајќи го The Super Mario Bros. Movie (146 милиони долари).

И благодарение на феноменот „Барбенхајмер“ - стотици илјади филмски фанови одлучија да го гледаат и Barbie, и историската драма на Кристофер Нолан Oppenheimer, кој отвори со извонредни 80,5 милиони долари.

Barbie беше прифатен од критичарите (има 90% на Rotten Tomatoes) и публиката (доби „А“ на CinemaScore). Почетната публика беше сочинета од 65% жени, што е за нагласување, бидејќи обично мажите доминираат во публиката кога некој филм генерира над 100 милиони долари во своето деби.

Barbie чинеше 145 милиони долари, не вклучувајќи ја маркетиншката кампања што го турна филмот во мејнстрим уште пред да се појави во кината. Гервиг, режисерката номинирана за Оскар за Lady Bird и Little Women, го напиша сценариото на филмот заедно со Ноа Баумбах.

Марго Роби и Рајан Гослинг ги играат стереотипните верзии на Барби и Кен, кои го напуштаат светот на Барбиленд во потрага по себеоткривање во реалниот свет. Во актерската екипа се и Иса Рае, Дуа Липа, Симу Лиу, Мајкл Сера, Хелен Мирен, Џон Сена и Вил Ферел.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе