Barbie го турна рекордот на The Dark Knight поставен пред 15 години

Barbie штотуку собори уште еден рекорд на киноблагајните. Овој пат го надмина The Dark Knight на Кристофер Нолан.

Според Variety, филмот на Грета Гервиг имаше најдобра продажба во понеделникот на киноблагајните од сите Warner Bros. филмови, заработувајќи неверојатни 26 милиони долари. Ова го надмина претходниот рекорд на The Dark Knight од 24,6 милиони долари од 2008 година. Barbie исто така влезе во топ 15 кинопонеделници на сите времиња.

Филмот досега има заработено 188 милиони долари на американскиот бокс-офис и 194,3 милиони долари ширум светот, со што вкупната сума на глобално ниво е 382 милиони долари само во првата недела.

Barbie го имаше и најголемиот премиерен викенд на годината со 162 милиони долари, надминувајќи го Super Mario Bros. кој заработи 146 милиони долари во првиот викенд во април.

Филмот моментално има 90 проценти позитивна оценка на Rotten Tomatoes и е пофален од филмската критика. Кристи Лемир од RogerEbert го нарече филмот „блескаво достигнување“ и „визуелна гозба“, додека Чендлер Левак од Globe and Mail рече дека тоа е „магистерска теза за феминизмот и хаос од типот на Остин Пауерс“.

Џејн Кроутер од Total Film рече дека Barbie „размислува надвор од рамките“, а Ричард Ропер од Chicago Sun-Times го смета за „еден од најпаметните, најсмешните, најслатките, најпроникливите и најзабавните филмови во годината“.

Тагови
реклама

Најдобрата храна за забрзување на метаболизмот за повеќе енергија и здрава тежина

Read more
ГАК: Намалена смртноста кај предвремено родените новороденчиња

ГАК: Намалена смртноста кај предвремено родените новороденчиња

Read more
Пет фудбалски трансфери кои може да се случат до крајот на месецот

Пет фудбалски трансфери кои може да се случат до крајот на месецот

Read more
Почна отстрелот на смртно повредените кенгури во Австралија

Почна отстрелот на смртно повредените кенгури во Австралија

Read more

Филм & ТВ

Netflix користел вештачка интелигенција за 300 наслови оваа година

Read more

Обетките ти се од ограбена гробница: Зендаја критикувана на премиерата на The Odyssey

Read more

Искрен трејлер за епскиот филм Troy од 2004 година

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Сцена

Netflix користел вештачка интелигенција за 300 наслови оваа година

Читај повеќе
  • filter

Обетките ти се од ограбена гробница: Зендаја критикувана на премиерата на The Odyssey

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за епскиот филм Troy од 2004 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Раперот Питбул сруши Гинисов рекорд: Собра најмногу „ќелавици“ на едно место

Читај повеќе
  • play_arrow

Свини го запали интернетот во проѕирен боди од чипка

Читај повеќе

Шакира е возбудена пред настапот на полувремето на мундијалското финале

Читај повеќе
  • play_arrow

The Pitt и Hacks со најмногу номинации за наградите Еми

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе