Повеќето луѓе се во потрага по најплатените професии во светот што е и разбирливо, кој не би сакал да заработи од сопствениот бизнис или да работи во етаблирана организација?
![](/sites/default/files/styles/article_image_xxl/public/2021-08/is-the-job-worth-it-.jpg?itok=GIAsQgUR)
Според UpGradBlog, преку споредба на платите во Индија и во САД, направена е листа на шесте најдобро платени професии во светот:
1. Главен извршен директор
Главен извршен директор е една од најплатените работи во светот. Просечната плата на еден извршен директор во Индија е околу 2.952.8883 рупи, додека во САД е околу 155.291 долари.
2. Хирург
Просечната плата на општ хирург во Индија е околу 1.110.412 индиски рупии годишно. Во САД, хирурзите заработуваат 292.317 долари годишно.
3. Виш софтверски инженер
Виш софтверски инженер заработува околу 948.989 индиски рупии годишно во Индија, и 119.126 долари во САД.
4. Инвестициски банкар
Просечната годишна плата на инвестициски банкар во Индија е 942.390 рупии и 101.465 долари во САД.
5. Научник
Во денешно време работата на научниците е една од најценетите, со просечна годишна плата од 822.895 рупии во Индија. во САД, просечната плата на научниците е 96.501 долари.
6. ИТ систем менаџер
Во Индија просечната плата на ИТ систем менаџер е околу 809.969 рупии, додека во САД е 87.437 долари.