Трејлер за новото продолжение на култната видеоигра – „Fallout 76“
Компанијата Bethesda се враќа на култната видеоигра „Fallout“, овојпат со продолжение наречено „Fallout 76“. Пред да биде одржана конвенцијата Е3 следниот месец, девелоперот објави официјален трејлер преку кој фановите на оваа игра можат да добијат неколку нови информации за новото продолжение.
E3 конвенцијата ќе започне на 10 јуни, каде ќе бидат објавени повеќе детали и ќе може да се види поголем дел од играта. На „Fallout 76“ работеше истиот тим од Bethesda Game Studios, кој е одговорен за хитови како „Skyrim“ и „Fallout 4“.