Вештачката интелигенција може да предвиди, a може и да спречи смрт

Користејќи вештачка интелигенција (ВИ) за да ги анализираат податоците, истражувачите создадоа речиси 25.000 равенки со персонализирани здравствени фактори од ненадејна срцева смрт.

Вештачката интелигенција може да помогне да се предвиди и евентуално да се спречи ненадејна срцева смрт, соопшти Американското здружение за срце. Експертите од Американското здружение за срце велат дека предвидувањето на ненадејна срцева смрт, а можеби дури и забележувањето на ризиците за да се спречи смртта, е можно со вештачката интелигенција (ВИ) и може да понуди нов чекор кон превенција и глобални здравствени стратегии. Овие резултати се засноваат на истражување претставено на научниот симпозиум за реанимација во 2023 година во Филаделфија.

Ненадејната срцева смрт, оптоварување на јавното здравје, претставува од 10 до 20% од сите смртни случаи. Предвидувањето е тешко, а вообичаените пристапи не успеваат да ги идентификуваат лицата со висок ризик, особено на индивидуално ниво, вели д-р Гзавје Жуван, главен автор на студијата и професор по кардиологија и епидемиологија во Парискиот центар за кардиоваскуларни истражувања, Inserm U970-University од Париз.

„Предложивме нов пристап, кој не е ограничен на вообичаените фактори на кардиоваскуларен ризик, туку ги вклучува сите медицински информации достапни во електронската здравствена евиденција. Истражувачкиот тим анализира медицински информации со вештачка интелигенција од регистри и бази на податоци во Париз и Сиетл за 25.000 луѓе, кои починаа од ненадеен срцев удар, и 70.000 луѓе од општата популација. Податоците од двете групи беа усогласени по возраст, пол и населено место“, објасни д-р Жуван.

Вештачката интелигенција идентификувала луѓе што имале повеќе од 90% ризик од ненадејна смрт.

Податоците, кои претставувале повеќе од милион болнички дијагнози, биле собрани од медицински досиеја до 10 години пред секоја смрт. Користејќи ВИ за да ги анализираат податоците, истражувачите создале речиси 25.000 равенки со персонализирани здравствени фактори, кои се користат за да се идентификуваат оние луѓе што се изложени на многу висок ризик од ненадејна срцева смрт. Покрај тоа, тие развиле приспособен профил на ризик за секој поединец во студијата.

Персонализираните равенки за ризик ги вклучиле медицинските детали на една личност како третман за висок крвен притисок и историја на срцеви заболувања, како и ментални нарушувања и нарушувања во однесувањето, вклучително и злоупотреба на алкохол. Анализата ги идентификува оние фактори што, најверојатно, ќе го намалат или зголемат ризикот од ненадејна срцева смрт за одреден процент и временска рамка, на пример, 89% ризик од ненадејна срцева смрт во рок од 3 месеци.

Анализата на ВИ биле во можност да идентификува луѓе што имале повеќе од 90% ризик од ненадејна смрт и тие сочинуваат повеќе од четвртина од сите случаи на ненадејна срцева смрт.

Персонализираните фактори на ризик варираат многу меѓу учесниците, откри ВИ.

„Работиме речиси 30 години на полето на предвидување ненадејна срцева смрт, сепак, не очекувавме да достигнеме толку високо ниво на точност. Исто така, откривме дека персонализираните фактори на ризик варираат широко меѓу учесниците и често доаѓаа од разни медицински полиња (мешавина од невролошки, психијатриски, метаболистички и кардиоваскуларни податоци), а тоа е слика што е тешко да се долови со медицинските очи и мозокот на специјалист во една област“, истакна д-р Гзавје Жуван, кој е и основач на Парискиот експертски центар за ненадејна смрт.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Вести

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе