Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја објави статистиката за последните 24 часа во однос на тоа колку граѓаните биле послушни во полицискиот час.
Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:
По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 159 лица им се издадени решенија за изолација, а 48 лица потпишале изјави за самоизолација.
Во државен карантин се спроведени 14 лица.