Во Израел пронајдена детска коска стара 1,5 милиони години

На територијата на Израел е пронајдена коска стара 1,5 милиони години, за која научниците тврдат дека е најстар доказ на човековото постоење во овој дел од светот.

Група археолози од Израел и САД пронајдоа пршлен на дете кое живеело пред 1,5 милиони години во долината Јордан. Станува збор за дете на возраст од 6 до 12 години, а пршленот се наоѓал во долниот дел на 'рбетот.

Истражувањето открило дека детето било екстремно високо, како возрасен – до 1,8 метри. Сепак, неговата висина била како и висината на повеќето други хоминиди од Источна Африка.

Онлајн изданието на Times of Israel пишува дека ова е најстариот доказ за човечко постоење во Израел, или втор најстар доказ надвор од Африка. Пронајдената коска дава увид во миграциите на различни видови хоминиди од Африка.

Врз основа на откритието на фосилни остатоци и ДНК докази, можно е да се следи еволуцијата на човекот пред 6 милиони години. Хоминидите се примати, директни предци на анатомски модерниот човек, или се тесно поврзани со анатомски модерниот човек. Анатомски модерниот човек е забележан во фосилни остатоци од пред 200.000 до 300.000 години.

Постојат докази дека одредени архаични видови луѓе почнале да ја напуштаат Африка пред 2 милиона години. Нивните први останки се пронајдени во кавкаскиот регион во Грузија, а се стари 1,8 милиони години. На локалитетот познат како Дманиси археолозите пронашле и алатки кои се користеле.

Истражувачите забележуваат дека сѐ уште се разговара дали споменатата емиграција од Африка била во еден или повеќе бранови. Неодамнешните откритија сугерираат дека тоа се случило во неколку бранови, пишува Times of Israel.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе