Во Русија почна Битката на роботите

Учесници од десет земји ги донесоа своите роботи во Казањ за да учествуваат во судирот на челик и памет.

Десетици учесници се собраа во Централна Русија за да учествуваат во „Battle of Robots“ натпреварувањето што се одржа како дел од иновативниот турнир „Games of the Future“.

Натпреварот за челик и технологија започна во градот Казањ во неделата, а 16 тимови од Русија, Кина, Индија, Иран, Белорусија, Казахстан, Бразил, Чиле, Еквадор и Обединетите Арапски Емирати донесоа свои роботи.

Целта на натпреварот е да се нанесе што поголема штета на противничкиот робот, идеално целосно да се оневозможи или да се преврти. Доколку и двата робота останат активни до крајот на триминутната битка, победува тимот што ќе освои повеќе поени за нанесување штета и кој покажал поголема агресија и контрола. Турнирот се игра по нокаут формат.

Според правилата, роботите не смеат да тежат повеќе од 113,5 килограми, да имаат брзина од најмалку 8 км/ч, да имаат тркала или нозе и можат да се тркалаат, ползат или летаат, со одредени ограничувања на нивните димензии. Секој тим може да брои најмногу пет члена.

Во пракса, конкурентните роботи со далечинско управување имаат дизајн со широк опсег. Тие маневрираат и се судираат со голема брзина во правоаголна арена, испраќајќи метални фрагменти и разни делови да летаат во сите правци.

Зборувајќи за RT, членка на „Energy Girls“, единствениот целосно женски тим на натпреварот, истакна дека битката досега била тешка. „Се надевавме дека ќе победиме. Но, всушност, сите тимови се многу силни. Така што исходот воопшто не е предвидлив“, рече таа, додавајќи дека и покрај тоа што се ривали, многу тимови се во пријателски односи.

„Battle of Robots“ е дел од турнирот „Games of the Future“ (Игри на иднината), кој опфаќа 21 дисциплина и се одржува во Казањ од 21 февруари до 3 март. Тоа е првиот меѓународен „фигитален“ (физички и дигитален) настан кој ги комбинира конвенционалните и електронски спортови. На натпреварите учествуваат над 2.000 спортисти од различни земји ширум светот.

Љубителите на ситкомот „The Big Bang Theory“ веднаш ќе се седат на епизодата кога Шелдон, Ленард, Хауард и Раж го направија својот робот Монти токму за ваква борба, но не ни дојдоа до турнирот бидејќи Монти им беше уништен во „уличната“ пресметка со роботот на Бери Крипки.

Remote video URL
Тагови
реклама

Два хороскопски знака секогаш се радуваат на туѓата среќа

Read more

Отстранете ги црните дамки од вашата пегла со предмет што веројатно го имате дома

Read more

Лесен и освежителен десерт: Ролат од јагоди и кокос што се топи в уста

Read more

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Read more

Вести

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Read more

Кина размислува за изградба на нуклеарен центар на Месечината

Read more

Strava сега може да го предвиди финишот на трката

Read more

Вселенскиот телескоп Hubble го слави 35-тиот роденден

Read more
 

Гик

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Читај повеќе

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Читај повеќе

Кина размислува за изградба на нуклеарен центар на Месечината

Читај повеќе

Strava сега може да го предвиди финишот на трката

Читај повеќе
  • filter

OnePlus го претстави паметниот телефон 13T

Читај повеќе
  • filter

Вселенскиот телескоп Hubble го слави 35-тиот роденден

Читај повеќе

Данска гради тунел до Германија како од Lego коцки

Читај повеќе

Опциите за ретро интерфејс трајно се вратија на PlayStation 5

Читај повеќе

Серијата книги Wheel of Time повторно ќе се претвори во игрица

Читај повеќе