Volkswagen го најави Nivus – новото урбано coupe
Како што се ближи официјалната премиера на Volkswagen Nivus, така германската компанија сè почесто објавува тизери кои откриваат детали за најновиот модел. Во оваа последна објава на Volkswagen е прикажан кросоверот купе со новото лого VW кое го краси предниот и задниот дел.
Новиот кросовер нема да отстапи од дизајнерскиот јазик на VW. Него ќе го придвижува 1.0-литарскиот TSI мотор. Автомобилот ќе биде 6-степен автоматик со мотор од 126 коњски сили, а со 6-степен мануелен менувач ќе има мотор од 114 коњски сили.
Продажбата ќе започне во 2021 година.