Времеплов: Погребот на принцезата Дијана
Ненадејната и неочекувана смрт на принцезата Дијана на денешен ден, 31 август, во 1997 година беше вест што го потресе целиот свет.
Истакнати личности од целиот свет изразија сочувство за големат загуба и уште зборуваат за неа со голема почит. Луѓето во Британија и од целиот свет со месеци по нејзината смрт оставаа цвеќиња, свеќи и лични пораки пред дворот на Кенсингтонската палата.
Погребот на Дијана се одржа во Вестминистерската опатија на 6 септември 1997 година. Претходниот ден кралицата Елизабета Втора ѝ изрази почит на Дијана преку директен телевизиски пренос. Синовите на Дијана, принцовите Вилијам и Хари чекореа во погребната поворка позади нејзиниот ковчег заедно со татко им, принцот од Велс, и Чарлс Спенсер, братот на Дијана.
Погребот се пренесуваше во живо и се проценува дека го следеле околу 750 милиони луѓе ширум светот.