Xiaomi ги претстави Redmi Note 13, 13 Pro и 13 Pro+

Подбрендот на Xiaomi, Redmi, официјално претстави три нови паметни телефони, имено Redmi Note 13, Redmi Note 13 Pro и Redmi Note 13+.

Redmi Note 13 доаѓа со 6,67-инчен AMOLED екран со резолуција од 1.080 x 2.400 пиксели, стапка на освежување од 120 Hz, максимална осветленост од 1.000 нити, одговор на допир од 2.160 Hz и фреквенција на затемнување PWM од 1.920 Hz. Смартфонот се напојува со процесор MediaTek Dimensity 6080 кој е поврзан со мемориски конфигурации од 6/128, 8/128, 8/256 и 12/256 GB. Станува збор за LPDDR4X RAM и UFS 2.2 внатрешна меморија.

Назад е главна камера од 100 MP и сензор за длабочина од 2 MP, додека напред има селфи камера од 16 MP. Уредот се напојува од батерија со капацитет од 5.000 mAh, која поддржува жично полнење од 33 W. Димензиите на уредот се 161,11 x 74,95 x 7,6 мм, а тежи 173,5 грама. Ќе биде достапен во Star Sand, Midnight темна и Time сина бои за околу 150 долари.

Redmi Note 13 Pro го доби неодамна претставениот процесор Snapdragon 7s Gen 2 на Qualcomm, поврзан со 8, 12 и 16 GB RAM и 128, 256 и 512 GB внатрешна меморија. Доби екран од 6,67 инчи со резолуција од 1.220 x 2.712 пиксели, брзина на освежување од 120 Hz. Одговорот на допир е 2.160 Hz, а затемнувањето PWM е 1.920 Hz.

Сензорот за отпечатоци се наоѓа под екранот, на задната страна е главната Samsung ISOCELL HP3 камера од 200, ултраширока од 8 MP и макро камера од 2 MP. На предната страна се наоѓа селфи камера од 16 MP. Смартфонот користи батерија од 5.100 mAh со поддршка за брзо жично полнење од 67 W.

Клиентите ќе можат да избираат помеѓу боите Midnight темна, Time сина, Shallow dream и Star Sand бела. Уредот ќе чини околу 192 долара.

И двата смартфона користат софтвер MIUI 14 базиран на Android 13. Сѐ уште не е познато дали ќе бидат достапни само во Кина или ќе се појават и на други пазари.

Моделот Redmi Note 13 Pro+ има заоблен екран и различен модул за камера и заден панел обложен со кожа во случајот на виолетовата верзија, додека црно-белите верзии имаат AG стакло. Смартфонот е отпорен на вода и прашина според стандардот IP68.

Корисниците ќе имаат на располагање заоблен OLED 12-битен екран од 6,67 инчи со резолуција од 1.220 x 2.712 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz со затемнување PWM од 1.920 Hz. Максималната осветленост е 1.800 нити во автоматскиот режим, а екранот е заштитен со Gorilla Glass Victus стакло. Оптичкиот сензор за отпечатоци е интегриран во екранот, а напред има и камера од 16 MP.

Уредот се напојува со процесор MediaTek Dimensity 7200-Ultra поврзан со до 16 GB LDDR5 RAM и 512 GB простор за складирање UFS 3.1. Назад е камерата Samsung ISOCELL HP3 од 200 MP, ултра широка камера од 8 MP и макро камера од 2 MP. Смартфонот користи софтвер MIUI 14 базиран на Android 13, а се напојува од батерија од 5.000 mAh со поддршка за жично полнење од 120 W. Има и стерео звучници и IR порта.

Цената на моделот Redmi Note 13 Pro+ се движи од 273 до 314 долари во зависност од верзијата.

Тагови
реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

Мобилни

Honor ќе претстави три Magic6 флегшип телефони

Read more

Претставен смартфонот OnePlus 12, основниот модел чини 610 долари

Read more

Конечно скокна продажбата на телефони

Read more

Vivo ја претстави серијата мобилни телефони X100

Read more
 

Гик

Една од најсјајните ѕвезди ќе исчезне од небото за кратко време

Читај повеќе
  • play_arrow

Избрани најдобрите видеоигри за 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците сега го имаат Roadrunner, убиецот на дронови

Читај повеќе

Нов тест на крвта открива кои органи стареат најбрзо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кое е најгледаното видео на TikTok во 2023 година?

Читај повеќе

Honor ќе претстави три Magic6 флегшип телефони

Читај повеќе

Strava овозможи праќање на приватни пораки помеѓу корисниците

Читај повеќе

Порно сајтовите воведуваат големи промени за корисниците

Читај повеќе
  • filter

Претставен смартфонот OnePlus 12, основниот модел чини 610 долари

Читај повеќе