Xiaomi спои два света: Професионална камера и телефон во едно

Концепт телефонот на кинеската компанија Xiaomi користи Leica објектив на задната страна.

Компанија Xiaomi го претстави концепт телефонот кој дозволува прицврстување на Leica објектив од серијата M на неговата задна страна.

Овој концепт се заснова на телефонот Xiaomi 12S Ultra чиј систем содржи 1-инчен сензор кој е значително поголем од оние кои обично се користат во телефоните и повеќе е во склад со оние што можеме да ги најдеме во компактните дигитални камери. Сепак, новиот телефон поседува уште еден таков сензор на својата задна страна, исклучиво наменет за користење со помош на објектив.

Xiaomi објави видео во кое објаснува како функционира овој несекојдневен концепт. Кинескиот технолошки гигант веќе некое време соработува со компанијата Leica на зеднички развој на систем за камера, но во видеото се наведува дека преминувањето на објектив го претвора паметниот телефон во „професионален алат за фотографирање“ кој нуди предности како „автентично длабинско поле“ наместо софтверски функции зо заматена позадина, како што е Portrait режимот.

Remote video URL

Нема сомнежи дека ова е навистина интересен концепт. Со цел да се надмине релативно скромниот хардвер, производителите на телефони направија огромен скок со прифаќањето на софтверски решенија за подобрување на квалитетот, поради што се смета дека наскоро ќе ги престигнат DSLR камерите по квалитетот на фотографиите. Токму поради тоа и се поставуваше прашањето какви резултати би произвел паметен телефон кој користи хардвер од професионална камера.

Нажалост, бидејќи е ова само концепт, Xiaomi нема во план да го пушти во продажба овој уред, а не е воопшто чудно оваа компанија да претстави интересно решение и потоа да остави засекогаш да остане само приказ на технолошките достигнувања, како на пример телефонот Mi Mix Alpha кој имаше екран намотан околу целиот уред.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе