За два дена - што ќе донесе ретрограден Меркур во Скорпија?

Сатурн е најголемиот „негативец“ од сите планети – постојано нѐ стиска и притиска, а Јупитер е најголемиот добродетел и дарежлив пријател. Марс ги претставува мажите и говори за нашата енергија и сексуалност, Венера го претставува женскиот дел од популацијата и говори за љубовта. Сонцето е извор на живот, Месечината е нашата душа.

Трансцеденталните планети - Уран, Нептун и Плутон - немаат никакво влијание врз личното, туку врз колективното. И сега - сите планети имаат влијание и важни задачи, па и Меркур? Изгледа дека Меркур се покажа како незгоден. Дали сте навистина сигурни во тоа?

Погледнете што навистина прави Меркур и каква е неговата улога во нашите животи - Меркур е планета на разумот, без неа не можеме да живееме, да дишеме, да се движиме, да размислуваме. Тој е планета на интелигенција и интелектот. Тој ги поврзува идејата и мислата со зборот и движењето. Тој е планета на логиката и анализата, тој ни дава можност да примаме и обработуваме информации. Ги поврзува патиштата, улиците, сообраќајот, преносот на комуникациите. Тој е исто така и дете и трговец и новинар и сообраќаец и сметководител... Ги содржи сите знаења и согледувања. Сега излезе дека Меркур е „дечко за сѐ“. Па и е!

Транзитен Меркур се наоѓа во знакот на Скорпија од 27 септември и ќе остане во овој знак до 1 декември годинава. Тој ќе има кратко враќање во знакот на Вага, од 27 октомври до 11 ноември во неговиот ретрограден курс. Целиот негов ретрограден тек ќе биде во периодот од 14 октомври до 3 ноември.

Меркур во знакот на Скорпија е злобен и белјаџија, циничен и критички настроен, но од друга страна е длабоко аналитичен, многу логичен, мислите и зборовите се силни и исто како и Скорпијата - тие „боцкаат“ од прва, смртоносно. Кога е ретрограден, ќе поттикне сè што сме акумулирале долго време да излезе од нас, целиот талог што е акумулиран ќе почне да се врти и да се крева од дното. Скорпијата е знак на тајни и скриеното, а ретрограден Меркур ќе изнесе на површина многу од овие тајни, без оглед колку долго биле скриени. Ќе станеме сомничави и недоверливи, интуицијата ќе работи напорно во нас, испраќајќи ни сигнали дека нешто не е во ред. Вистините што излегоа на виделина нема да бидат пријатни и можат да нѐ шокираат во моментот кога ќе ги дознаеме.

Се чини сите веќе ги знаеме напамет „класичните“ последици од ретроградниот Меркур - одложувања, застој во сообраќајот, проблеми со компјутерите и мобилните телефони, интернетот, компликации со документи, губење работи (но и наоѓање на оние што ги изгубивме во претходното ретроградно патување на Меркур), тешкотии во комуникацијата, недоразбирања, тешкотии со децата, околината, проблеми со домашни миленици и сто други работи опфатени со Марфиевите закони.

Но, оваа ретроградна природа на Меркур сега е дополнително засилена, бидејќи нејзиниот диспозитор е ретрограден Марс во Овен, кој сè уште е во тешки аспекти со Јупитер, Плутон и Сатурн. Затоа, во оваа ретроградна зона, интензивирани се злонамерноста, менталната напнатост, анксиозноста, менталните нарушувања, правните проблеми, сите видови казни и тешкотии со пари и парични институции, се интензивираат расправии, ексцеси, кривични дела, одмазда, фрустрации, песимизам и гнев.

Исто така, ќе бидеме склони да „копаме“ додека не ископаме. Ќе следиме многу внимателно што се случува околу нас, ќе меморираме, ќе правиме конекции на нештата во глава и ќе поврзуваме неспоиви нешта. Ќе ги кажуваме нештата како што мислиме дека се, па што сака нека биде. Овој ретрограден Меркур ќе ги поткопа врските од сите видови, особено кога ќе се врати во знакот на Вага - во тој период ќе има големо огнено крштевање за сите врски, емотивни или други - што се на некако нестабилна основа.

Во суштина, планетите не „прават“ ништо, тие само покажуваат што се случува во нас и околу нас. На тој начин, ретроградниот Меркур нема да ве „натера“ да направите нешто, да се карате, да се сопнувате на улица, да ви подметнуваат документи, да ви се расипе компјутерот... Ретрограден Меркур нема да ви донесе потреба да се јавувате некому од вашето минато, ниту ќе ве окуражи да ѝ го проверувате телефонот на саканата личност бидејќи мислите дека ве лаже.

Овој ретрограден Меркур во Скорпија и во знакот на Вага сега покажува дека сме чувствителни на невистина, дека некои работи веќе ни се преку глава, дека молчиме многу долго време и сме насобрале во нас прашања што нѐ мачат. Треба да откриеме, да разоткриеме, да расчистиме, да решиме. Пред сѐ - да останеме чисти пред себе.

реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Живот

Кога почнува староста?

Read more

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more
 

Магазин

  • filter

Римјаните 16 века пред Французите го измислиле бикинито

Читај повеќе

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе