Замастен црн дроб: Причини, симптоми и терапија на проблем кој може да стане опасен

Ако во црниот дроб се акумулираат премногу маснотии, тоа може да доведе до воспаление и последователно компликации.

Црниот дроб е нашиот генерален филтер – овој орган ја чисти крвта од токсини, создава жолчка, игра важна улога во лекувањето на инфекции и ги разградува мастите. Меѓутоа, неуредниот живот кој подразбира лоша исхрана полна со нездрави масти, недостаток на движење, прекумерно консумирање алкохол и други штетни навики го преоптоваруваат црниот дроб и може да предизвика сериозни болести.

Некои од најчестите се цироза на црниот дроб и замастен црн дроб, која е поделена на два основни типа - алкохолна или неалкохолна масна болест на црниот дроб.

Неалкохолна масна болест на црниот дроб (NAFLD)

Како што кажува и нејзиното име, оваа болест ги погодува луѓето кои пијат малку или воопшто не пијат алкохол, а се јавува поради складирање на вишок маснотии во клетките на црниот дроб. Ако нема воспаление или други компликации, состојбата е позната како едноставна NAFLD.

Подтип на оваа болест е неалкохолен стеатохепатитис (NASH). Се карактеризира со промени на црниот дроб слични на алкохолни заболувања на црниот дроб, но се јавува кај луѓе кои не консумираат алкохол. Покрај вишокот маснотии во црниот дроб, NASH е придружена и со воспаление на црниот дроб. Доколку не се лекува, NASH може да предизвика фиброза на црниот дроб и потенцијална цироза.

Некои експерти претпоставуваат дека NASH е причина за нејасна цироза на црниот дроб.

Алкохолна масна болест на црниот дроб (AFLD)

Ова е најраната фаза на заболување на црниот дроб поврзана со прекумерно консумирање алкохол. Алкохолниот стеатохепатитис (ASH) е вид на AFLD во кој акумулацијата на вишокот маснотии во црниот дроб е придружена со воспаление. Познат е и како алкохолен хепатитис. Како и со NAFLD, нетретираната алкохолна болест на црниот дроб може да доведе до фиброза и евентуално цироза.

Акутен замастен црн дроб во бременоста (AFLP)

Вишокот маснотии во црниот дроб може да се појави и за време на бременоста. Оваа состојба е доста ретка, но може да предизвика бројни компликации. AFLP најчесто се појавува во третиот триместар и, доколку не се лекува, претставува сериозни здравствени ризици за мајката и бебето.

Причини за замастен црн дроб

Прекумерното внесување на калории и мрсна храна, заедно со недостаток на физичка активност, може да резултира со зголемена акумулација на масни клетки во црниот дроб. Кај луѓето кои не пијат многу алкохол, причината за заболување на замастен црн дроб е помалку јасна. Можно е нивното тело да произведува премногу масти или да не ги метаболизира доволно ефикасно.

Сепак, следните нарушувања исто така може да доведат до оваа состојба:

- прекумерна дебелина

- дијабетес тип 2

– отпорност на инсулин

- високо ниво на масти во крвта, особено триглицериди

- метаболички синдром

– несакани ефекти на некои видови лекови

– некои видови инфекции како хепатитис Ц

Замастен црн дроб - симптоми

Во повеќето случаи, замастен црн дроб може да биде асимптоматски и се открива случајно при рутински тест на крвта или абдоминален ултразвук. Замастен црн дроб обично напредува низ четири фази, кои се:

- едноставен замастен црн дроб - во него се акумулира вишок маснотии, претежно е безопасен доколку не напредува

- стеатохепатитис - покрај вишокот маснотии, има и воспаление во црниот дроб

- фиброза - постојаното воспаление во црниот дроб предизвикало лузни, но може да функционира нормално

- цироза - лузни на црниот дроб се шират на целиот орган и го намалуваат неговото функционирање; ова е најтешката фаза и е неповратна

Иако сите состојби освен цирозата обично немаат никакви симптоми, може да се појави зголемен замор, непријатност или болка во горниот десен дел од абдоменот.

Со цироза на црниот дроб, симптомите се многубројни и вклучуваат:

- губење на апетит

- губење на тежина

– стомачни болки

– гадење

– жолта кожа и очи

– темна урина

- лесно појавување на модринки или крварење

- акумулација на течност во абдоменот

- бледа столица

– отекување на нозете

- мрежести кластери на крвни садови под кожата

– зголемување на градите кај мажите

Како се лекува замастен црн дроб?

За жал, не постојат таргетирани лекови за лекување на замастен црн дроб, но најуспешната превенција е преку промена на секојдневните навики.

Првата и најважна промена е прекин на консумацијата на алкохол и справување со вишокот килограми. Разновидната исхрана богата со незаситени масти, микронутриенти и протеини сигурно ќе придонесе за здравјето на вашиот црн дроб.

Сепак, лузните предизвикани од цироза не можат да се излечат и го зголемуваат ризикот од рак на црниот дроб.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе