Значително намален извозот на руска нафта

Цените  на нафтата вчера на меѓународните пазари се задржаа на ниво од 81 долар, поддржани од оптимистичките прогнози за побарувачката и нарушувањето на понудата од Либија и Нигерија.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 30 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 81,06 долари.

Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар каде се тргуваше за 76,55 долари. Трговците вчера беа загрижени од остриот пад на кинескиот извоз во јуни, што го одразува слабеењето на глобалната економија во услови на зголемени каматни стапки и геополитички тензии. Послабиот економски раст значи и помала побарувачка за нафта.

Тие се охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, бидејќи тоа би можело да ја поттикне централната банка да го заврши циклусот на затегнување на монетарната политика. Цените беа поддржани во четвртокот и со затворањето на неколку нафтени полиња во Либија поради протестите против киднапирањето на поранешен министер. Во исто време, Шел го прекина товарењето на нигериската сурова нафта поради можно оштетување на терминалот.

Се проценува дека снабдувањето од Либија е намалено за околу 370.000 барели дневно, а снабдувањето од Нигерија за 225.000 барели дневно, според аналитичарот на PVM, Џон Еванс.

Извозот на руска нафта, исто така, значително падна и ако тој тренд продолжи следната недела, цените веројатно повторно ќе пораснат, особено ако се има предвид дека Москва официјално планира да го намали извозот во август за 500.000 барели дневно, додаваат аналитичарите на Комерцбанк.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) и Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) прогнозираат дека побарувачката ќе зајакне во втората половина од годината, особено во Кина, и покрај неповолните макроекономски движења.

„Светлината на крајот од тунелот на построга (американска) монетарна политика е сè повидлива и инвеститорите се повеќе се уверени дека ФЕД ќе го затвори циклусот откако повторно ќе ги зголеми каматните стапки за две недели“, рече високиот аналитичар на OANDA, Крег Ерлам.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно објави дека цената на барел од нафтената кошничка на нејзините членки вчера пораснала за 90 центи на 81,53 долари.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе