Зошто не треба да се јаде јаболко после 18 часот?

Јаболкото е извор на антиоксиданси, витамини, минерали, влакна и други корисни состојки. Сигурно нема да погрешите ако одлучите да го започнете денот со јаболко. Има толку многу различни сорти и вкусови што е речиси невозможно да се ви здосади. Сепак, дали сте слушнале дека не е добро да се јадат јаболка после 18 часот или, всушност, некое друго овошје?

Зошто да избегнувате јаболка навечер?

Природните киселини во овошјето влијаат на лачењето на стомачната киселина и предизвикуваат непријатност. Тие можат да бидат и причина за дигестивни проблеми, кои ќе ви го расипат сонот. Затоа најдобро време за јаболко треба да биде наутро. Меѓутоа, таа информација не е поткрепена со истражување и, како што пишува healthline.com за најдоброто време за јадење овошје, тука навистина нема логика.

Некои извори исто така наведуваат дека храната богата со шеќер, вклучително и овошјето, предизвикува зголемување на шеќерот во крвта и тоа треба да го активира дигестивниот систем. Секоја храна која содржи јаглени хидрати предизвикува привремено зголемување на шеќерот во крвта. Но, дигестивниот систем е секогаш подготвен за работа - во моментот кога храната ќе ви го допре јазикот, без разлика на времето од денот, пишуваат на споменатата страница.

Што се случува после 14 часот?

Се чини дека ова правило произлегува од 17-дневна диета. Дури и во овој случај, тоа е поврзано со шеќер во крвта. Овошјето, или која било друга храна која содржи јаглехидрати, го зголемува нивото на шеќер во крвта. Ако му се препуштите подоцна во текот на денот, телото не е во состојба да го стабилизира шеќерот во крвта пред спиење, што доведува до зголемување на телесната тежина. Но, и во овој случај, нема доволно докази за да се потврди дека шеќерот во крвта значително повеќе се зголемува по 14 часот поради одредени намирници од вообичаено.

Исто така, нема докази дека овошјето во кое уживате попладне би имало негативно влијание на вашата тежина. Секако, зборуваме за умерено консумирање, под претпоставка дека се храните здраво. Многу фактори одредуваат дали енергијата од храната ќе се користи правилно или ќе се складира во форма на маснотии, но избегнувањето на овошје по одреден час не е еден од нив, пишува City Magazine.

Вистината е - овошјето е добро во секое време од денот. Умерено, се разбира. Затоа, доколку немате конкретни проблеми со варењето и доколку нема други ограничувања, веројатно во секое време можете да си дозволите јаболко. Во спротивно, како што знаете, доколку имате некакви проблеми со нешто, секогаш консултирајте се со специјалист.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе