Зошто не треба да заспивате со вклучен телевизор?

На многумина им е многу полесно да заспијат со вклучен телевизор, но колку е штетна оваа навика?

Ако вклучениот телевизор ни помага да заспиеме, тогаш во што е проблемот? Иако е точно дека серијата што ја гледаме ќе ни го олесни опуштањето по долг ден, но вклучениот телевизор влијае на квалитетот на сонот повеќе отколку што мислиме.

Потсвеста постојано се вклучува

Иако може да заспиете додека гледате телевизија, тоа не значи дека потсвеста ви е целосно исклучена. Како што ликовите од серијата зборуваат и се одвива заплетот, вашиот мозок го апсорбира сето тоа.

„Изненадувачки, дури и ако заспиете пред телевизорот, вашиот мозок сепак ги перцепира сите звуци што доаѓаат од телевизорот, што предизвикува непотребен стрес кога треба да се одморите“, вели психијатарот Амелија Алвин.

Уште полошо, ако заспиете додека гледате хорор филм, тоа може да ви пречи во сонот или може да предизвика кошмари. Оваа теза е поддржана и од студија која покажа дека луѓето кои гледале насилни филмови и серии 90 минути пред спиење, имале 13 пати поголем ризик да имаат кошмари отколку оние кои гледале комична содржина.

Нивото на мелатонин се намалува

Секој ден кога сонцето ќе зајде, телото почнува да произведува поголеми количини на мелатонин. Кога ова ќе почне да се случува, вишокот мелатонин му сигнализира на телото дека е време за спиење. За жал, сината светлина што ја емитираат уредите како што се ТВ, компјутери и паметни телефони може да го наруши природниот часовник на телото и да го потисне производството на мелатонин.

Ова обично резултира со понизок квалитет на сон, а исто така ја зголемува веројатноста за често будење ноќе. Уште полошо, потешко е да се влезе во фаза на длабок сон.

Недостатокот на сон се акумулира

Недостатокот на сон се акумулира со текот на времето. Поточно, „долгот“ се натрупува, што е всушност разликата помеѓу часовите на спиење што му се потребни на телото и часовите на спиење. Кога се обидуваме да „набиеме“ неколку епизоди пред спиење, а тоа се одолговлекува до доцна во ноќта, тој долг се трупа. Постојаниот недостаток на сон може да резултира со несоница, слаб сон и замор.

Зголемување на телесната тежина

Едно истражување покажа дека жените кои спијат со вештачка светлина, како онаа од телевизор, имаат поголем ризик непланирано да се здебелат. Ризикот од здебелување дури и не зависи од квалитетот на спиењето. Ако спиеле со вклучен телевизор, без оглед дали имале проблеми со спиењето или веднаш заспале, имале поголем ризик од непланирано здебелување.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе