Зошто вртоглаво растат цените на нафтата?

Северноморската нафта Брент ја надмина цената од 70 долари за барел денес, за прв пат од почетокот на пандемијата на COVID-19.

Американската нафта го достигна највисокото ниво во повеќе од две години, по извештаите на медиумите за напади врз нафтената инфраструктура на Саудиска Арабија.

Цената на фјучерсите на Брент за испорака во мај минатата ноќ беше 71,38 долари за барел на азиските берзи, што е највисоко ниво од 8 јануари 2020 година, по што се спушти на 70,96 долари околу 6:11 по средноевропско време, што е пораст од 1,60 долари или 2,3 проценти во однос на претходната трговска сесија, пренесува Reuters.

Американската сурова нафта WTI за испорака во април порасна за 1,47 долари или 2,2 проценти, на 67,56 долари за барел. Пред тоа, на фјучерс-тргувањето за месецот што претстои, неговата цена достигна ниво од 67,98 долари, највисока од октомври 2018 година.

Азиските акции исто така се зголемија откако американскиот Сенат донесе закон за пакет поддршка за економијата и граѓаните вреден 1,9 милијарди долари, кон што придонесоа и позитивните економски податоци од САД и Кина, кои укажуваат на глобално закрепнување на економијата.

Јеменските Хути истрелаа ракети и напаѓаа со беспилотни летала во срцето на саудиската нафтена индустрија, вклучително и фабриката Saudi Aramco во Рас Танура, која е од витално значење за извозот на нафта, а Ријад оцени дека станува збор за неуспешен напад врз глобалната енергетска безбедност.

„Можно е да видиме ненадеен скок на берзите на нафта во блиска иднина, пред сѐ затоа што пазарот сега ќе мора да вклучи во цената и еден вид премија за ризик поради честата појава на вакви напади“, проценуваат аналитичарите на банката ING, истакнувајќи дека ова е втор напад месецов по инцидентот во Џеда на 4 март.

Цените на нафтата Брент и WTI бележат четврти последователен ден на раст по одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници да останат на намалени залихи во април.

Испораките на „црното злато“ во Кина во првите два месеци од 2021 година се зголемија за 4,1 процент во споредба со истиот период минатата година, бидејќи најголемиот увозник на овој енергенс во светот го зголеми својот капацитет за обработка поради натамошниот раст на побарувачката за гориво.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе