3D анимација на имплозијата: Снимка на која се гледа како е уништен Titan

На социјалните мрежи вирално стана видео кое детално прикажува како имплодирала подморницата „Titan“ и како загинале нејзините пет патници.

YouTube каналот AiTeli покажа како и зошто подморницата „Titan“, чии патници загинаа минатиот месец додека беа на експедиција до потонатиот брод „Титаник“, била уништена поради огромниот подводен притисок.

Подморницата изгубила контакт со матичниот брод на 18 јуни при нејзиното спуштање до „Титаник“, 3.800 метри под површината. Неколку дена подоцна беа пронајдени нејзините останки. Се вели дека се случила катастрофална имплозија.

Британскиот истражувач и милијардер Хејмиш Хардинг (58), извршен директор на OceanGate, Стоктон Раш, 73-годишниот француски истражувач Пол-Анри Наржоле и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд, управник на Институтот СЕТИ, и неговиот 19-годишен син Сулеман, загинаа.

Новата анимација покажува како експерименталниот дизајн на подморницата се разликува од постојната технологија, која користи челик, титаниум и алуминиум.

Daily Mail пишува дека на AiTeli им биле потребни 12 часа за да вметнат податоци за компанијата OceanGate во софтверот за 3D моделирање со цел да создаде динамична анимација за гледачите.

На крајот, според експертите, проблемот била конструкцијата на „Titan“ од јаглеродни влакна бидејќи овој материјал може „наеднаш да пукне и да се скрши“. Аниматорите дури и создадоа како би изгледала внатрешноста на подморницата.

„Ова е, веројатно, една од најосновните подморници за длабоко нуркање што некогаш ќе ги видите“, рекоа тие.

Remote video URL

„Titan“ нурна во Атлантскиот Океан на 18 јуни околу 8 часот над потонатиот брод „Титаник“. Петтемина патници почнале да се спуштаат додека Раш управувал со пловилото. Во 9:45 часот е изгубен контактот со бродот.

На компанијата ѝ требаа 8 часа да ја пријави исчезнатата подморница до американската крајбрежна стража по губењето контакт.

Извештајот предизвика голема меѓународна спасувачка операција за петтемина патници. Бродови од целиот свет тргнаа да помогнат во потрагата бидејќи се веруваше дека преостанатиот кислород на подморницата е при крај. Откриени беа и звуци на тресок, но подоцна беше кажано дека тие, најверојатно, не дошле од подморницата, туку дека таа имплодирала при спуштањето.

Откриено беше и дека системот за следење на американската морнарица го забележал можниот звук на имплозија за време на нуркањето, но потрагата сепак продолжила.

Неколку дена подоцна, на 22 јуни, во близина на потонатиот брод „Титаник“ беа пронајдени остатоци од имплодирана подморница. Морнарицата почна истрага на крајот на јуни, еден ден по дознавањето дека човечки останки биле пронајдени за време на мисијата и делови од подморницата биле исфрлени на брегот.

Во меѓувреме, Брајан Зас, посинокот на еден од загинатите патници, Хејмиш Хардинг, предизвика бес на социјалните мрежи кога рече дека е подготвен да го добие своето наследство, но сепак не може да добие датум.

Зас и претходно беше критикуван дека присуствувал на концерт додека неговиот очув исчезнал во Атлантикот.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Вести

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Read more

Кружат лажни мејлови за ресетирање на лозинката на Instagram

Read more

Apple изненади: Што ново носи iOS 26?

Read more

Почина авторот на теоријата за древните вонземјани, Ерих фон Деникен

Read more
 

Гик

Rockstar Games ги забранува мисиите во GTA Online поврзани со атентатот на Чарли Кирк

Читај повеќе

iPhone 17e носи важни подобрувања: Што знаеме за најевтиниот модел?

Читај повеќе

Маск им прати бесплатен интернет на Иранците преку Starlink

Читај повеќе

Список на уреди што ќе станат небезбедни за употреба во 2026 година

Читај повеќе

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Читај повеќе

Расте пазарот на телефони: Кои брендови доминираат во Топ 3?

Читај повеќе

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Читај повеќе

Кружат лажни мејлови за ресетирање на лозинката на Instagram

Читај повеќе

Apple изненади: Што ново носи iOS 26?

Читај повеќе