5 трикови како да го изберете најбрзиот ред на каса во маркет

Постојат неколку трикови како да го препознаете редот во супермаркетот во кој најбрзо ќе стигнете до касата.

Имајте на ум дека во просек поминуваме половина час дневно чекајќи во редици или околу 18 месеци од животот, велат д-р Никос Јоргу и професорот Енрико Скалас од Универзитетот Сасекс во Обединетото Кралство. Двајцата и нивниот тим со месеци ги анализирале редиците во супермаркетите и откриле како да го изберат најбрзиот.

Обрнете внимание на овие 5 работи ако сакате побрзо да дојдете на ред:

1. Проверете што купувачите во редот пред вас имаат во нивните корпи - предметите во тврдо пакување не одземаат многу време за скенирање додека производите во пластични кеси може да предизвикаат застој, бидејќи понекогаш касиерот мора рачно да го внесе баркодот.

2. Избегнувајте скриени каси - истражувањата покажаа дека касиерите чиј поглед на купувачите е скриен работат побавно. Наредените корпи или страничните сталажи може да им го прикријат погледот.

3. Застанете зад купувач со полна количка - иако на почетокот не изгледа како добар избор, научниците велат дека е вистина. Тие објаснуваат како на секој купувач му треба време да се поздрави, плати, да ги стави намирниците во торби, да извади пари/картичка од паричник...

Во просек, потребни се 41 секунда по лице. Тие пресметале дека клиент со 100 намирници во количка троши во просек по 6 минути, а четири лица со по 20 намирници ќе поминат 7 минути во ред.

4. Редиците на касите од левата страна се движат побрзо - повеќето луѓе се десничари и инстинктивно го избираат редот на кој можат да ја наредат робата на десната страна.

5. Изберете жена на каса - докажано е дека жените кои работат на каса побрзо ја завршуваат работата од мажите.

Тагови
реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Живот

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Read more

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе