Агентот на Левандовски: Порано сонот му беше Реал Мадрид

Поранешниот агент на полскиот голгетер откри дека порано Левандовски сонувал да заигра за Кралскиот клуб.

„Кога до донесовме Роберт во Германија планот беше следен: Борусија, Баерн, Шпанија, САД. И не е тајна дека негов сон беше Реал Мадрид“, вели Цезариј Кухарски за Goal, поранешен агент на моментално најдобриот стрелец во Европа.

Тоа значи дека уште кога Левандовски дошол во Дортмунд од познањски Лех имал во план подоцна да се префрли во Баерн каде настапува веќе седма сезона.

Неговиот договор со клубот од Минхен е со важност до 2023 година, што значи дека наредното лето би можел да преговара со други клубови доколку не потпише нов.

„Но, шпанските клубови моментално финансиски не се способни да си го дозволат, а воедно тој последниве години сфати дека Баерн е идеален клуб за него“, смета Кухарски.

„Која одлука и да ја донесе Левандовски, ќе биде добра одлука. Но, јас знам како работи овој бизнис и можам да замислам дека шпекулациите се намерно пуштени заради преговорите за неговиот договор. Тоа е нормална тактика“.

„Зошто тој би одел во друг клуб? Знае што сѐ добива од Баерн. Овој клуб е секогаш еден од главните фаворите за титулата во Лигата на шампиони. А, познавајќи го него, тој е сѐ уште гладен за успеси и сака повторно да напаѓа, наредната сезона, со тимот и со новиот тренер“, заврши полскиот агент.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе