Аортата е признаена како посебен човечки орган

Аортата, главната и најголема крвна артерија, која носи крв од срцето до остатокот од телото, доби посебна чест во медицинскиот свет - таа е препознаена како посебен човечки орган.

„Тоа е голем чекор“, рече Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург во Германија. „Препознавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи, срцето, белите дробови и мозокот.“

Новиот статус на органот важи во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави, откако како таков е дефиниран во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (EACTS) и Американското здружение на торакални хирурзи (STS).

Оваа одлука ќе направи разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен и, се надеваме, пооптимален отсега па натаму.

Досега беше вообичаено болестите на аортата да се третираат или во кардиохирургија или во васкуларна хирургија, во зависност од видот и локацијата.

„Новите упатства јасно препорачуваат третман на аортата како дел од посебна медицинска област. Треба да се поврзе со други слични области на медицината“, објасни Черни, директор на болницата за кардиоваскуларна хирургија во Германија.

Сето тоа ќе го подобри лекувањето на руптури на аортата и други сериозни болести, изјави Черни.

Аортата е одговорна за транспорт на крв богата со кислород од срцето до телото. Овој голем крвен сад е најголемата артерија во телото и се протега од левата комора до садовите во карличната област. Исто така, има значајна улога во регулирањето на крвниот притисок и брзината на протокот на крв.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Наука

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе