Артета го отпиша најскапото промашување во историјата на Арсенал

Францускиот напаѓач Никола Пепе беше најскапото засилување на Арсенал до доаѓањето на Деклан Рајс од Вест Хем.

Во 2019 година лондонскиот клуб го донесе од Лил за 80 милиони евра. Пепе денес има 28 години и е малку заборавен. Последниот натпревар за англискиот клуб го одигра во осмиот месец од минатата година, а потоа беше испратен на позајмица во Ница.

Тој не импресионираше на враќањето во Франција, каде што постигна осум гола и покрај проблемите со повреди во текот на сезоната, а Микел Артета сега одлучи да не го однесе на претсезонската турнеја на Арсенал. Англиските медиуми пишуваат дека ова е сигурен знак дека тој заминува. Неговиот договор истекува за една година, а неговата вредност е 18 милиони евра.

На десното крило, која е идеалната позиција на Пепе, во Арсенал е зацементиран младиот Англичанец Букајо Сака, кој игра феноменално во изминатите две сезони. Во добра форма на крилните позиции се и Мартинели, Тросар и Реис Нелсон.

Така Пепе би можел да влезе во историјата на Арсенал како најголемо промашување на клубот. Неговите бројки не се катастрофални, на 112 натпревари постигна 27 гола и забележа 21 асистенција, но играч од 80 милиони евра сепак треба да донесе повеќе во својот тим.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе