Берзите се вратија во живот по санкциите врз Русија

На Волстрит цените на акциите нагло пораснаа вчера, благодарение на пресвртот на берзите откако американскиот претседател Џо Бајден најави нови, построги санкции против Русија поради инвазијата на Украина.

Dow Jones зајакна за 92 поени или 0,28 отсто, на 33.223 поени, додека S&P 500 порасна за 1,50 отсто на 4.288 поени, а индексот Nasdaq 3,34 отсто на 13.473 поени.

На самиот почеток на тргувањето, овие индекси беа длабоко во негативната област, при што Nasdaq падна за повеќе од 3 отсто, бидејќи сите светски берзи беа под силен притисок од рускиот напад врз Украина.

Сепак, остар пресврт дојде откако Бајден најави остри санкции кон Русија, кои ќе бидат насочени кон руските финансиски системи и технолошкиот сектор преку контрола на извозот.

Американската влада воведе санкции за руските државни компании и најголемите руски банки Sberbank и VTB, а сега 80 отсто од имотот на руските банки се предмет на санкции.

Американските институции мора да ги затворат своите сметки со Sberbank, која е мнозинска државна сопственост и најголем доверител на руската економија, во рок од 30 дена.

И Европската Унија воведе остри санкции кон Русија, како на најголемите тамошни банки, така и на енергетскиот сектор, што е исклучително важно за функционирањето на руската држава.

„Со цврст став, САД и Европа испратија гласна порака до финансиските пазари дека ќе се обидат да и зададат што поголем удар на руската економија. Од една перспектива, тоа е позитивно. Но, од друга страна, веројатно очекуваме повисоки цени на нафтата и веројатно суровините“, рече Питер Кардило, економист во Spartan Capital Securities.

Вчера, непосредно по почетокот на рускиот напад врз Украина, цената на барел нафта на лондонскиот пазар, за прв пат по повеќе од седум години, скокна над психолошки важното ниво од 100 долари.

Белата куќа предупреди дека конфликтот може да доведе до зголемување на цената на нафтата во САД, но дека работи со партнерите за заеднички да ги ослободи дополнителните резерви на нафта.

Така, вчерашните берзански индекси на Волстрит нагло пораснаа, по четири дена нагло опаѓање, но аналитичарите очекуваат дека во наредните денови на пазарите ќе има неизвесност.

Инвеститорите се загрижени за евентуалниот натамошен пораст на инфлацијата поради растот на цените на енергенсите, па останува да се види дали тоа ќе ја доведе американската централна банка кон поагресивно зголемување на каматните стапки од очекуваното.

И на европските берзи цените на акциите вчера остро паднаа. Лондонски FTSE индекс потона за 3,88 отсто, на 7.207 поени, додека франкфуртски DAX падна за 3,96 отсто, на 14.052 поени, а париски CAC 3,83 отсто, на 6.521 поени.

На азиските берзи, берзанските индекси пораснаа по големиот пад вчера, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од растот на Волстрит, но се тргуваше внимателно бидејќи следеа нови вести за дополнителни руски воени напади врз цели во Украина.

Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 0,7 отсто околу 7 часот наутро, откако вчера потона за повеќе од 3 отсто. Берзанскиот индекс Nikkei утринава порасна на берзата во Токио за 1,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај и Јужна Кореја пораснаа меѓу 1 и 3,3 отсто. Во Хонгконг, пак, тие благо паднаа.

Откако вчера беа под силен притисок поради рускиот напад на Украина, утринава азиските берзи донекаде се смирија, иако руските напади врз цели во Украина продолжуваат.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе