Блатер ги обвини Саркози и Платини дека придонеле Катар да го добие СП 2022

Париз, 11 март 2019 (МИА) – Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, повторно тврди дека доделувањето на организацијата на Светското првенство 2022 на Катар е резултат на интервенцијата на Никола Саркози и Мишел Платини.

– Не го разбирам ова повторно отворање на случајот за наводна корупција, кој, со објавувањето на извештајот Гарсија, беше затворен, реагираше Блатер.

Ова се случува ден по објавувањето на информации дека постои наводен таен договор меѓу ФИФА и телевизискиот канал „Ал Џезира“.

– Во секој случај изборот на Катар за СП во 2022 година беше направено по политичка интервенција на претседателот на Франција во тоа време, Никола Саркози, барајќи Мишел Платини, со своите блиски, да гласа за Катар, објасни Блатер.

Швајцарецот беше суспендиран од ФИФА поради нередовни исплати на Мишел Платини.

– Овие четири гласови придонесоа за Катар да излезе пред САД. И оваа ситуација ги предизвика нападите на губитниците против ФИФА и мојата личност: Англија загуби против Русија во 2018 година додека САД изгубија од Катар, додаде Блатер.

Истиот ден, на 2 декември 2010 година, Светското првенство во фудбал 2018 беше доделено на Русија (Англија беше елиминирана во 1 круг) и на општо изненадување, Светското првенство за 2022 на Катар, кој излезе победник пред САД.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе