Ботас: Ако некој може да биде првак со Ферари, тоа е Луис Хамилтон

Ф1
Ф.З.
/ 07.02.2024 / 13:22

Поранешниот тимски колега на Луис Хамилтон во Мерцедес, Валтери Ботас, признава дека е изненаден од неговата одлука да стане возач на Ферари во 2025 година и верува дека „ако некој може да им ја донесе шампионската титула, тоа е тој“.

По пензионирањето на Нико Розберг од Формула 1 на крајот на 2016 година, Ботас пристигна во Мерцедес од Вилијамс и беше тимски колега на Хамилтон пет години, а за тоа време Хамилтон освои четири титули кај возачите додека Мерцедес ги освои сите пет титули кај конструкторите.

По доаѓањето на Расел во Мерцедес во 2022 година, Ботас се пресели во Алфа Ромео, кој од оваа година повторно се нарекува Заубер пред влезот на Ауди во Формула 1 во 2026 година.

На прашањето како го гледа потегот на Хамилтон и колку бил шокиран кога слушнал дека заминува во Ферари, Ботас рече: „Изненаден сум“.

„Никогаш не мислев дека тоа може да се случи“.

„Мислам дека тоа е добро за него. Тоа е голема можност, голема промена. Очигледно тој сам си донесе одлука, па среќен сум поради него“.

„Тој има толку големо искуство во спортот, се справуваше со многу различни луѓе во овој спорт и мислам дека нема да има никаков проблем“.

Последната возачка титула Ферари ја освои во сезоната 2007 со Кими Раиконен, а последната конструкторска титула во 2008. Ботас смета дека Ферари со Хамилтон би можеле да ја прекинат серијата без трофеј.

„Сигурен сум дека ќе биде многу возбудлив проект за него да се обиде да стигне до врвот со Ферари. Ако некој може да го направи тоа, тоа е тој“.

Ботас беше во Бракли еден ден пред веста дека Хамилтон го напушта Мерцедес, каде Мерцедес го има своето седиште за развој на шасијата, што ги подгреа шпекулациите дека тој можеби ќе се врати во тимот во 2025 година.

Но, Финецот рече дека е таму од други причини и дека приоритет му е да остане во Заубер, односно Ауди.

„Не е лага, навистина бев во Бракли претходниот ден, но не во Мерцедес, туку таму правев некои други работи“, рече Ботас, кој ја вклучи неговата локација заедно со фотографија на која игра пикадо.

„Не, сè уште не сум разговарал со Тото на телефон. Дали би се вратил? Да... очигледно мојот приоритет и најголема заложба е проектот на Ауди, кој е и моја цел“.

„Ако тоа не се случеше, тогаш немаше тим во кој не би отишол, можеби. Но, јас ги знам моите приоритети и си имам список. Колку што знам, нема нарушени односи [меѓу него и Мерцедес]“.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе