Цените на нафтата паднаа под 94 долари

Цените на нафтата паднаа вчера на меѓународните пазари под 94 долари бидејќи инвеститорите стравуваат за побарувачката во услови на заострени епидемиолошки мерки во Кина, висока инфлација и зголемени каматни стапки.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,95 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 93,69 долари. Речиси за исто толку падна и на американскиот пазар каде барелот се тргуваше за 87,57 долари.

Епидемиски проблеми во Кина

Трговците нервозно го следат ширењето на COVID-19 во Кина.

Строгите епидемиолошки мерки во втората по големина економија во светот, како и притисокот врз трошоците, ја намалија активноста во азиската индустрија во август, засенувајќи ги изгледите за закрепнување на регионот од ефектите на пандемијата, покажа истражувањето објавено во четвртокот.

Технолошкиот центар Шенжен во јужна Кина ги заостри мерките поради континуираното ширење на инфекцијата, забранувајќи ги големите собири и забавата во затворен простор во областа Баоан на три дена.

Кинеската политика на нулта толеранција за ковид ја кочи економијата, што значи и послаба побарувачка за енергетски производи.

Загриженост за инфлацијата и зголемувањето на клучните каматни стапки

Берзите се загрижени и поради рекордната инфлација и најавата за агресивно зголемување на клучните каматни стапки во САД и во еврозоната со цел да се запре растот на цените.

Оживувањето на договорот од 2015 година за иранската нуклеарна програма би значело поголема понуда, бидејќи ќе овозможи иранската нафта да се врати на пазарот.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева оти може да се постигне договор во наредните денови.

Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта произвеле 29,6 милиони барели дневно во август, според истражувањето на Reuters, најмногу од април 2020 година. А производството во САД во јуни достигна највисоко ниво од пролетта 2020 година, со 11,82 милиони барели дневно.

„Побарувачката за нафта на Запад, но и во Кина, стагнира додека понудата полека се зголемува, во голема мера благодарение на бумот на производството на шкрилци во САД“, забележува Норберт Рукер од швајцарската банка Јулиус Баер.

Одделно, ОПЕК објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во средата се намали за 5,37 долари на 101,04 долари.

реклама

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Бизнис

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Read more

Европа ја губи битката со евтината облека: Само 13% од облеката во ЕУ е домашно производство

Read more

Цените на нафтата стигнаа до „психолошката“ граница од 100 долари

Read more

Колку работни места ќе изгубиме поради „кинеската колонизација“ на Европа?

Read more

Вести

Фон дер Лајен до Западен Балкан: Во ЕУ само по заслуга, за нашите вредности нема да преговараме

Читај повеќе

Нови фотографии откриваат колку се уништени американските бази по иранските напади

Читај повеќе
  • filter

Белорусија вежба одбрана од дронови на границите со Полска и Литванија

Читај повеќе

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Читај повеќе

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Читај повеќе

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Читај повеќе

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе