Чави дознал дека е отпуштен кога го посетил Лапорта во болница

Две недели откако беше потврдено дека Чави ќе продолжи да ги води играчите на Барселона, легендата на клубот и поранешен тренер доби отказ.

 

Чави е поранешен, а нов тренер на Барселона ќе биде Германецот Ханси Флик.

Чави ја презеде клупата на Барселона во ноември 2021 година и ги предводеше Каталонците на 141 натпревар. Оствари 89 победи, 23 нерешени и 29 порази.

Минатата сезона ја освои Ла Лига и домашниот Суперкуп, а оваа сезона заврши на второто место и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите од ПСЖ.

Му пресудија неговите критики кон раководството, односно неговите коментари за финансиската состојба.

„Навивачите мора да разберат дека оваа Барселона не е онаа од пред 25 години. Тоа повеќе не е така, но мораме да го засилиме тимот ако не сакаме сè да остане како што е.

Верувам дека навивачите на Барселона мора да сфатат дека ситуацијата е многу тешка, особено на економски план. Тоа не значи дека нема да се бориме, но ситуацијата е таква што ни треба стабилност и време“, рече тој.

Тие зборови го чинеа отказ, а дека е бивш потврди и самиот претседател на клубот Жоан Лапорта.

Местото каде Чави ја дозна својата судбина е болницата. Имено, тој отишол да го посети Лапорта кој се опоравува од пневмонија и покрај неговиот кревет дознал дека е време да се збогува.

„Кога би се водел по емоциите, би сакал ти и понатаму да бидеш тренер. Разумно е да не продолжиш“, му рекол Лапорта на Чави тој ден.

реклама

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Read more

Главен виновник зошто не можете да слабеете, а често се игнорира

Read more

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Read more

Рецепт на денот: Пица ролнички со ајвар

Read more

Фудбал

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Read more

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Read more

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе