УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Челси и Ман. Јунајтед брилијантни, Барса пред елиминација

Синоќешното претпоследно коло четири од осумте групи донесе одредена разрешница околу патниците во осминафиналето. Барселона ќе мора да брка победа против Баерн, Јувентус го претрпе највисокиот пораз во натпреварувањето, Манчестер Јунајтед победи со в.д. тренерот.

Група Е

Динамо - Баерн 1:2
70' Денис Гармаш - 14' Роберт Левандовски, 42' Кингсли Коман

Баерн со нова победа остана перфектен, па во последното коло ќе се обиде серијата да ја продолжи и против Барса на која може и да ѝ го расипе пласманот. Овој натпревар го одбележа голот со ножички на Левандовски.

Барселона - Бенфика 0:0

Барселона не успеа да ја совлада Бенфика и практично самата се елиминира. Проблемот е што во последното коло Португалците играат дома со украински Динамо, а дури и со бод ќе бидат пред Барса кога и да го совлада Баерн на гости има послаб меѓусебен скор со португалскиот клуб. Барса на крајот можеше и да загуби, но неверојатното промашување на Харис Сеферовиќ ја остави во живот.

Табела:

  1. Баерн 15
  2. Барселона 7
  3. Бенфика 5
  4. Динамо 1

Наредно, последно коло:

Баерн - Барселона
Бенфика - Динамо

Група Ф

Виљареал - Манчестер Јунајтед 0:2
78' Кристијано Роналдо, 90' Џејдон Санчо

Оле го нема, но неговиот привремен заменик Мајкл Карик ја заврши работатта во Лигата на шампионите. Со два гола кон крајот на натпрреварот „Црвените Ѓаволи“ запишаа три бода и осигураа пласман во нокаут-фазата.

Јанг Бојс - Аталанта 3:3
39' Џордан Сибачо, 80' Венсан Сјеро, 84' Силван Ефти - 10' Дуван Сапата, 51' Хосе Луис Паломино, 88' Луис Муриел

Интересен натпревар во Швајцарија одиграа Јанг Бојс и Аталанта, со пресврт и дури 6 гола, а на крајот бодовите беа поделени.

Табела:

  1. Манчестер Јун. 10
  2. Виљареал 7
  3. Аталанта 6
  4. Јанг Бојс 4

Наредно, последно коло:

Манчестер Јунајтед - Јанг Бојс
Аталанта - Виљареал

Група Г

Во оваа група последното коло ќе биде најинеизвесно. Лил со победата над Салцбург исплива на првото место, но групата е толку изедначена што на крајот може да заврши и последен.

Лил - Салцбург 1:0
31' Џонатан Давид

Севиља - Волфсбург 2:0
12' Жоан Жордан, 90'+7 Рафа Мир

Табела:

  1. Лил 8
  2. Салцбург 7
  3. Севиља 6
  4. Волфсбург 5

Наредно, последно коло:

Волфсбург - Лил
Салцбург - Севиља

Група Х

Челси - Јувентус 4:0
25' Трево Чалоба, 55' Рис Џејмс, 58' Калум Хадсон-Одои, 90'+5 Тимо Вернер

Челси и тоа како му се одмазди на Јуве за поразот во Торино, нанесувајќи му го највисиокиот пораз на клубот во историјата на Лигата на шампионите. Поради високата победа, доколку на крајот останат со исто бодови, Челси ќе заврши прв.

Малме - Зенит 1:1
28' Серен Рикс - 90'+2 Јарослав Ракицкиј
Црвен картон: 86: Дмитриј Чистјаков (З)

Зенит успеа да го освои потребниот бод во Шведска и да си осигура пласман во Лига Европа. Малме поведе, во 52. минута Зенит промаши пенал преку Артјом Ѕјуба, а потоа во судиското надополнување со играч помалку успеа да израмни. Кај домаќинот од 78. минута на теренот беше и новопечениот македонски репрезентативец Ердал Ракип.

Табела:

  1. Челси 12
  2. Јувентус 12
  3. Зенит 4
  4. Малме 1

Наредно, последно коло:

Зенит - Челси
Јувентус - Малме

Вечерва се играат натпреварите од ова 5. коло во останатите четири групи:

URL
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе