Четири физички симптоми што укажуваат дека треба да јадете повеќе протеини

Протеините се суштински макронутриенти потребни за одржување на здравјето. Секоја клетка во телото има потреба од нив за да функционира правилно.

Во западните земји ретко се случува луѓето да не го исполнуваат релативно нискиот препорачан дневен внес од 50 грама протеини, изјави диететичарот Никола Лудлам-Рејн за Insider, но индивидуалните потреби варираат врз основа на нивото на активност, исхраната, возраста и фитнес цели.

Ако сте активни или се обидувате да ги намалите телесните масти, експертите препорачуваат да го зголемите внесот на протеини до 2 грама на килограм телесна тежина. За некој кој тежи 70 килограми, тоа би значело 140 грама протеини дневно.

Протеините заситуваат, имаат повисок термички ефект од мастите и јаглехидратите (што значи дека телото користи повеќе енергија за да ги вари), помага во одржување на мускулите додека лицето губи маснотии и им помага на мускулите да се опорават од вежбањето.

„Ако не јадете доволно протеини, можете да изгубите мускули, да ја ослабнете кожата, коските и ноктите, да бидете погладни и тешко да се опоравувате од тренингот“, истакнува Лудлам-Рејн и објаснува четири физички знаци кои укажуваат можеби не консумирате доволно протеини.

Губење мускулна маса

Мускулната маса природно почнува да се намалува по 40-тата година од животот, па затоа е особено важно да внесувате доволно протеини како што стареете. Ова е причината зошто потребите за протеини се повисоки за постарите возрасни лица. Истражувачите препорачуваат консумирање од 1,2 до 2 грама протеини по килограм телесна тежина дневно (или повеќе), што е приближно еквивалентно на она што се препорачува за активни возрасни лица.

„Ако сте веган и/или ги намалувате калориите за да изгубите тежина, постои зголемен ризик од губење на мускулната маса заедно со мастите, поради што е важно да вклучите извор на протеини во секој оброк во денот“, вели Лудлам-Рејн.

Слаба кожа, коса и нокти

Ако вашата коса и нокти се слаби, а вашата кожа ја изгубила својата еластичност, ова може да биде знак дека не јадете доволно протеини.

„Недостатокот на протеини во исхраната може да предизвика косата и ноктите да станат кршливи и поподложни на оштетување бидејќи протеините (како што е кератинот) играат важна улога во структурата и функцијата на клетките кои ги сочинуваат органите и ткивата на телото. забележува Лудлам-Рејн.

Протеините помагаат и во одржувањето на цврстината на кожата, покажаа истражувањата.

Зголемен апетит

Ако се борите со глад, можно е воопшто да не јадете доволно или да не внесувате доволно протеини.

„Протеинот е најзаситната хранлива материја во споредба со јаглехидратите и мастите, па ако имате недостаток на протеини во вашата исхрана, можеби ќе ви биде тешко да се чувствувате сити после оброк“, додаде Лудлам-Рејн.

Лошо закрепнување после вежбање

Ако откриете дека на вашето тело му треба долго време за повторно да се чувствува добро после вежбање, ова исто така може да биде знак дека вашиот внес на протеини е премногу низок.

„Протеинот е потребен за раст и закрепнување, па ако не внесувате доволно протеини после вежбање, особено после тренинг за сила, способноста на вашите мускули да растат и да се опорават пред следниот тренинг е намалена“, вели Лудлам-Рејн.

Ова може да се манифестира како мускулна болка и замор. Сепак, протеинот не е важен само по тренингот - најдобро е да ги внесувате во редовни интервали во текот на денот, покажуваат истражувањата.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе