Четири знаци откриваат дека премногу пиете кафе

Познато е дека пиењето кафе има низа предности, но со оглед на тоа дека содржи кофеин, ако претераме последиците можат да бидат непријатни. Кои знаци укажуваат дека внесувате премногу кофеин во организмот?

Нервозни сте

Кафето е стимуланс кој делува на централниот нервен систем. Со други зборови, директно влијае на најважниот систем на телото. Кофеинот во кафето го зголемува бројот на срцеви отчукувања, а студиите покажаа дека има тенденција да го зголеми крвниот притисок. Затоа, кога претерувате со кофеинот, може да почувствувате нервоза, промени во расположението и раздразливост.

Често мора да одите во тоалет

Кафето е диуретик, што значи дека вашата потреба за мокрење може да се зголеми. Кофеинот има негативен ефект и на цревата, може да предизвик порив почесто да вршите голема нужда.

Имате проблеми со спиењето

Внесувањето кофеин може да го наруши вашиот циклус на спиење. Немојте да пиете кафе по 16 часот, за да можете да заспиете навреме.

Ви се спие во текот на денот

Ако денот не ви  минува без дремење, можеби ваше тело премногу зависи од кофеинот. Немојте да пиете повеќе од 3 шолји кафе во денот и внимавајте исхраната да биде балансирана.

Само таквиот начин на исхрана во текот на денот ќе му помогне на телото да остане будно и фокусирано.

 

Тагови
реклама

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе