Дали е подобро да ги миеме забите пред или по пиење кафе?

Познато е дека кафето ги бои забите, а неговата киселост може да ја оштети забната глеѓ. Но, стоматолозите велат дека забите треба да ги миеме пред пиење кафе и објаснуваат зошто е тоа подобра опција.

„Миењето заби пред пиење кафе ги отстранува наслагите и спречува таложење дамки“, вели стоматологот Кристина Мајнерс. Киселоста што се создава со пиење кафе ја слабее забната глеѓ која ги штити од физички и хемиски оштетувања.

Мајнерс наведува дека со миењето заби по пиење кафе ја триеме киселоста во забите и тоа може да ги оштети и направи почувствителни.

„Ако тоа ви се случи од време на време, не паничете. Но, ако тоа го правите почесто, ќе ја потрошите забната глеѓ“, смета стоматологот Сиама Мухамед.

Ако едноставно не можете, а да не ги измиете забите по првото кафе, стоматолозите советуваат да почекате барем 30 минути пред да го направите тоа.

„Вашата плунка ќе ја неутрализира киселоста во устата, а по половина час усната шуплина се враќа во првобитна состојба и киселоста е каква што би требало да биде. Миењето заби со четка во тој момент е сосем добра одлука“, објаснува докторката Соња Красилников, стоматолог од Њујорк.

Како алтернативно решение, може да џвакате мастика без шеќер за стимулација на производство на плунка, природен заштитен фактор на усната шуплина.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе