Данска и Австрија ја прекинаа имунизацијата со AstraZeneca по смртни случаи од тромб

Данска привремено ја суспендираше вакцинацијата со AstraZeneca против COVID-19 откако се појавија извештаи дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта, што беше причина и за еден смртен случај во земјата, пишува Reuters.

Претходно и Австрија ја прекина употребата на оваа вакцина додека истражуваат смртен случај поради нарушување на коагулацијата и појава на белодробна емболија.

Вакцината ќе биде суспендирана на 14 дена. Од Агенцијата не изнесоа повеќе детали за пациентот кој доби згрутчување на крвта. Од данската агенција за лекови велат дека истрагата ја покренале заедно со одговорните агенции во другите ЕУ земји, како и со Европската агенција за лекови.

„Важно е да нагласиме дека нема да ја користиме вакцината на AstraZeneca, туку ќе ја ставиме на чекање“, рече Сорен Брострем, директорот на Данската здравствена служба.

Австриските власти на 7 март исто така ја прекинаа имунизацијата на граѓаните со вакцините со AstraZeneca додека трае истрагата за смрт на едно лице.

Покрај Австрија, Естонија, Литванија, Луксембург и Латвија исто така привремено ја суспендираа вакцинацијата со AstraZeneca додека трае истрагата.

Европската комисија чека ЕМА да даде став за компликациите со вакцината на AstraZeneca

Портпаролот на Европската комисија задолжен за здравство, Стефан Де Керсмакер, на денешниот брифинг за новинари изјави дека за случајот со здравствени компликации во Данска поради вакцината на AstraZeneca, ќе се чека ставот на Европската агенција за лекови, ЕМА.

„Го следиме мониторингот на ЕМА и ќе го следиме нејзиниот став. ЕМА усвои прелиминарен став дека нема индикации дека оваа вакцина води до вакви појави, ќе следиме што ќе каже агенцијата бидејќи е на најдобра позиција за давање научно мислење“, изјави портпаролот за здравство.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе