Џаред Лето повторно го игра Џокер - негативецот никогаш не изгледал толку мрачно

Со две ексклузивни фотографии претставен е негативецот Џокер во филмот „Justice League“, кој се разликува од верзијата на Џокер што Џаред Лето веќе ја има одиграно.

Што се случува со пророкот на хаосот во свет што веќе се распаѓа?

Можеби само демне од сенките заедно со другите кошмарни несреќи. Можеби ги задоволил сите негови крволочни импулси до точка на здодевност. Можеби ги лови оние кои се стремат кон општ ред додека не најде некој кој уште може да чувствува душевна болка.

Ова е Џокер во новиот филм „Justice League“ на Зак Снајдер, еден сосема нов елемент кој режисерот реши да го додаде во финишот на неговата оригинална визија за екипата на DC Comics.

Џокерот на Џаред Лето не беше дел од оригиналниот план на Снајдер пред да се повлече од филмот во 2017 година поради недоразбирањата меѓу него и раководството на филмското студио Warner Bros. како и загубата на член на семејството. Но, кога HBO Max му понуди можност да ја финализира неговата замисла за филмот, режисерот имаше неколку идеи кои сакаше да ги додаде. Непријателот на Бетмен беше една од нив.

„Џокер е единственото нешто на кое помислив навраќајки се назад“, изјави Снајдер за Vanity Fair. „Но,с епак ќе кажам дека отсекогаш сум имал намера да го внесам Џокер во тој свет.“

Кога почна да работи на DC филмовите пред една деценија, Снајдер мислел дека евенуално ќе го донесе негативецот во конфликт со Бетмен во некој од следните проекти, но откако им се разделија патиштата со филмското студио, сфатил дека тоа најверојатно никогаш нема да се случи.

Наместо тоа, кога конечно ја доби шансата да го заврши „Justice League“ на свој начин за HBO Max, побарал снимање на дополнителни кадри за да го вметне ликот на Џокер во четиричасовната филмска екстраваганца што ќе има премиера на 18 март.

Единственото правило кога го претставувате Џокер на големото платно е дека мора да претставите своја верзија на чудовиштето. Варијациите не само што се дозволени, туку и се очекуваат од вас. Во овој случај, Снајдер избра Џокерот да го игра Џаред Лето, кој го играше ликот (во сосема друга форма) во „Suicide Squad“ на Дејвид Ајер од 2016 година.

Ги нема тетоважите на лицето и залижаната смарагдно зелена коса – неговиот Џокер наликува на суштество кое само што исползило од визбата на одамна напуштена лудница. А можеби и токму тоа му се случило.

Лето на ексклузивните фотографии што Снајдер ги даде да бидат објавени во Vanity Fair носи болничка наметка и хируршка маска, што според режисерот „најверојатно се остатоци од неговото бегство во дивината откако светот се распадна“.

Во некои од сцените во „Justice League“ во кои се појавува Џокер, Лето носи панцир украсен со полициски значки.

„Има еден куп значки. Тоа му се трофеите“, вели Снајдер.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе