Фенг шуи совети: 4 работи што не смеете да ги чувате во спалната

Ако не можете да се сетите кога последен пат сте спиеле мирно и безгрижно, голема е веројатноста дека имате лош фенг шуи во спалната соба.

Оваа соба треба да биде вашето место за енергетско обновување и одмор, па затоа е многу важно да ја уредите според принципите на фенг шуи.

За добар сон, многу е важно спалната соба да се ослободи од следниве работи:

Премногу зеленило

Иако е погодно да имате едно или две билки во спалната соба, бидејќи тие ќе го прочистат воздухот и ќе ви овозможат подобар сон, сепак треба да ги знаете границите и да не претерувате. Според правилата на фенг шуи, билките припаѓаат на елементот дрво, што значи дека ако почувствуваат некаква експанзивна енергија, може да ви го попречат сонот. Најдобро решение е да имате до две растенија во спалната соба.

Бучава и лош мирис

Нема да имате мирен сон ако вашата соба е погласна од самиот центар на градот, а уште помалку ќе се опуштите ако почувствувате влага или некоја друга непријатна арома. За да го решите првиот проблем инвестирајте во подобра изолација, додека за мирисот доволно е да запалите ароматична свеќа пред спиење и сѐ ќе биде во ред.

Минимализам

Нашата околина во голема мера влијае на тоа како се чувствуваме. Затоа, можно е ако за време на спиењето чувствувате мачнина или осаменост, декорот да има врска со тоа. Вазна без цвеќе, кујнско столче во аголот на собата и слични бесмислени работи што се во вашата соба треба што поскоро да се исфрлат.

Премногу работи под креветот

Иако просторот под креветот е одлично место за складирање на непотребни работи, може да испушта и многу лоша енергија. Размислете за сè под вашиот кревет. Дали навистина ви треба сето тоа? Обично има многу работи кои никогаш не ги користиме и кои не знаеме каде да ги ставиме па затоа ги криеме под креветот.

Најдоброто решение во овој случај е да ги донирате или подарите. Ќе видите дека ова чувство на ослободување е бесценето.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе