Француската лига испадна од топ 5, македонската со катастрофален рејтинг

Филип Здравески
/ 05.07.2023 / 11:09

Француската Лиг 1 повеќе не е дел од топ 5 на Стариот континент, согласно коефициентот на УЕФА според кој се одредуваат местата во европските натпреварувања.

Со години наназад Лиг 1 беше дел од елитата заедно со англиската Премиерлига, шпанската Ла Лига, германската Бундеслига и италијанската Серија А, но тоа повеќе не е случај.

Во сезоната 2023/2024 која почнува наскоро, Лиг 1 испадна од топ 5, а нејзиното место го зазеде холандската Ередивиси.

Премиерлигата и натаму е прва, Ла Лига втора, Серија А трета, додека Бундеслигата четврта.

Што се однесува на македонската 1.МФЛ, го има убедливо најлошиот рејтинг откако постои ваквото рангирање на УЕФА. Македонската лига се наоѓа на 53. место од вкупно 55 рангиранни, а зад нас се само лигите на Сан Марино и Андора. Внимавајте, подобар рејтинг од нас има и лигата на Гибралтар! Исто и лигите на Малта, Луксембург, Фарски Острови, Северна Ирска, Косово...

Македонските претставници во европските натпреварувања летово ќе треба да остварат колку може повеќе победи, за да соберат поени и Македонија да скокне на рангирањето. Лигите на Црн Гора, Гибралтар и Белорусија, кои се над нас, не се недостижни, но за тоа ќе требаат победи, бидејќи победа носи најмногу поени. Загубен натпревар, без разлика на резултатот, не носи поени. Така, пораз од 3:2 и пораз од 7:0 имаат иста тежина. Нерешено носи половина поени.

Последните неколку сезони македонските претставници во Европа бележеа лоши резултати, што и се одрази на рејтингот на лигата.

Летово Македонија во фудбалска Европа ќе ја претставуваат: шампионот Струга во квалификациите за Лигата на шампионните, куп победникот Македонија ЃП во квалификации за Европа конференциската лига заедно со второ и третопласираните од лигата, Шкупи и Шкендија.

Порталот football-coefficient редовно ги апдејтира коефициентите, па на нивниот сајт може да се следи напредокот/падот на македонската лига.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе