Германската Влада денеска соопшти дека ја прекинува употребата на вакцината против коронавирусот на AstraZeneca поради случаи на појава на тромб.
Германското Министерство за здравство во соопштението наведува дека одлуката ја донело од претпазливост и по совет на националниот регулатор за вакцини.
Во соопштението се додава дека Европската агенција за лекови ќе донесе одлука „дали и како новите информации ќе влијаат на одобрувањето на вакцината“.
Според Министерството, случаи на згрутчување на крвта биле пријавени по примањето на вакцината.
Неколку европски земји времено ја прекинаа вакцинацијата со AstraZeneca.
Читајте наредно: Данска и Австрија ја прекинаа имунизацијата со AstraZeneca по смртни случаи од тромб
Компанијата AstraZeneca соопшти дека нема причина за загриженост поради нејзината вакцина и дека има помалку пријавени случаи на тромбоза кај оние кои ја примиле вакцината отколку кај општата популација.