Huawei работи на сопствена верзија на апликацијата Google Play Store

Откако информацијата дека Huawei останува без поддршка за Android поради санкциите од Google ги вознемири милионите корисници ширум светот, кинескиот технолошки гигант најави дека веќе работи на алтернатива на апликацијата Google Play Store.

Американското министерство за трговија му даде на Huawei привремена дозвола да ги задржи своите производи до 19 август оваа година, а што ќе биде потоа – останува да видиме.

Во меѓвреме, Bloomberg пишува како Huawei уште во 2018 година им понудил на производителите на апликации влез во Кина, најголемиот светски пазар за смартфони, преку тоа што ќе направи посебен софтвер за нивната галерија за апликации. Како и сите останати производители на Android телефони, од Huawei се свесни колку се зависни од апликациите и платформата на Google. А како тоа да не е доволно, Huawei е и под надзор од американската влада.

Но, Huawei e подготвен многу подобро од останатите компании и веќе работи на решавање на проблемот. Компанијата има алтернативен план за настаната ситуација, кој предвидува дека тие ќе го изгубат пристапот на Google како бизнис партнер, но ќе останат во соработка со останатите компании од САД. Во спротивно, доколку сите американски компании ја откажат соработката со Huawei, дури тогаш ќе настанат вистинските проблеми.

Како и да е, кинескиот гигант напорно работи на платформата App Gallery, која ќе функционира на ист начин како и Google Play Store, со тоа што ќе ги пласира и изложува апликациите пред корисниците на Huawei. Според последните информации, таа би требало да биде достапна за корисниците до крајот на оваа година.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе