И Џиџо, и Навас сакаат да играат секој натпревар

Голманот на ПСЖ Џанлуиџи Донарума во интервју за Sky Sport изјави дека сака да остане во актуелниот француски шампион и да остварува победи со него.

„Целта беше да ја освоиме десеттата титула. Жал ни е за Лигата на шампионите“, изјави 23-годишниот италијански голман.

Донарума оваа сезона ја подели минутажата со Кејлор Навас. Додека Италијанецот бранеше на 22 натпревари, Костариканецот стартуваше на 24.

„Имам одличен однос со Навас. Но, сакам да бидам во стартната постава. Нештата мора да се сменат, тоа не е лесна ситуација за голман, како што рече Кејлор“ изјави Донарума.

Да потсетиме, Навас даде речиси идентична изјава неколку дена претходно, велејќи дека е незадоволен што не е во стартните 11 на сите натпревари.

„Имам добри односи со Донарума, но сакам да играм на сите натпревари.“

Година на прилагодување

„Лео Меси сè уште е најдобар во светот. Видовме колку е важен за нас во решавачките игри. Ние сме одличен тим. Мораме да го завршиме првенството на најдобар можен начин“, изјави Донарума, кој пристигна во ПСЖ минатата година. „За мене ова беше година на прилагодување.“

Да потсетиме, парискиот клуб синоќа обезбеди уште една титула, осма во последните десет години. Иако се шампиони, навивачите на ПСЖ почнаа да го напуштаат стадионот на 15 минути пред крајот на натпреварот.

„Жал ни е бидејќи тие секогаш нè поддржуваат, тие се нашиот 12-ти играч. Ги разбираме, и сакавме да направиме повеќе во Европа“, изјави Италијанецот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе