Ибра удри по директорот на Милан: Каде беше досега?

Напаѓачот на Милан му се спротистави на директорот на клубот од Сан Сиро, откако Иван Газидис се појави на тренинг за да им соопшти на играчите дека им е намалена платата.

Милан го прифати планот на Газидис за намалување на платите за да може клубот постепено да се враќа на патот на старата слава.

Клубот го прифати барањето на играчите од пред пет дена, што значи дека клубот за април ќе им исплати на играчите 50% од платата, а за останатите месеци цела плата.

Италијанските медиуми објавуваат дека за време на состанокот дошло до директно соочување меѓу Златан Ибрахимовиќ и Газидис, а Швеѓанецот сакал да добие одговор каде бил директорот на клубот во изминатите неколку недели.

„Зошто те немаше толку долго време и зошто се појави 48 часа пред натпреварот од полуфинале?“, го прашал Ибра Газидис и наводно додал дека „Милан веќе не е клубот што беше некогаш“ и дека има многу несигурности во великанот од Милан.

Според италијанските медиуми, Газидис наводно одговорил: „Да, вистина е. Милан не е клубот што беше некогаш во поглед на успесите и финансиите“.

Милан утре игра против Јувентус во Торино го реванш натпреварот од полуфиналето на Копа Италија. Средбата почнува во 21 часот. Првиот натпревар што се одржа во Милано заврши 1:1.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе