Интер има намера да ѝ понуди на Рома 18 милиони евра за босанскиот напаѓач Един Џеко.
Трансферот може да се заврши во рок од 24 часа, објави Sportmediaset.
Постои можност Мауро Икарди, кој нема иднина во клубот во Милано, да оди во спротивна насока. Аргентинецот го бркаат од тимот, но тој засерга упорно ги одбива понудите.
Минатата сезона 33-годишниот Џеко настапи на 40 натпревари за Рома, постигна 14 голови и забележа 8 асистенции. Веќе четири сезони е дел од римскиот клуб каде дојде од редовите на Манчестер Сити.